13.8 C
Скопје
14:29 - 22 ноември, 2024

Фигуерас: Хари избега во Канада со Меган за да не ја повтори трагедијата на неговата мајка!

„Кај Хари преовладуваше чувството на заштита на Арчи и неговата сопруга“, тврди Начо Фигуерас, близок пријател на Војводата од Сасекс во специјална програма на ABC.

Фото Твитер

-Одлуката на Хари да го напушти Лондон и да замине за Канада, дошла само од желбата да ги заштити Меган Маркл и неговиот син Арчи. Многу страдаше од трагедијата на неговата мајка. Тој едноставно сака нормален живот, без десетици папараци кои го напаѓаат секгаш кога ќе го напушти домот“, понатаму еден од најдобрите пријатели на принцот, Начо Фигуерас, капитен на поло-тимот во кој игра војводата од Сасекс.

Начо зборувал со Хари ден пред да замине за Канада.

– Хари не сака неговото семејство да заврши здробено од медиумите, како што се случи со принцезата Дајана, вели тој.

Слична изјава даде пак, уште еден пријател на Хари, Џ.Џ Чалмерс, за Би-Би-Си, кој поентираше – „одлука од ваков вид е донесена само заради претрпените притисоци“.

Навистина, Хари никогаш не криел дека длабоко го мачела смртта на мајка му. Тој 31 август 1997 година неизбежно го одбележал неговиот живот како што и самиот изјави во сите интервјуа што ги даде, во изминатите неколку години. Покрај тоа, неговиот живот секогаш бил многу бурен во годините на раната младост и долго време страдал од паника и депресија.

– Очигледно, на нападите врз Меган Маркл, тој останал шокиран, продолжува Фигуерас. – Хари и Меган Маркл сега живеат во Ванкувер, Канада. Изгледа дека поранешната актерка им кажала на своите пријатели дека никогаш повеќе не сака да живее во Лондон.

The post Фигуерас: Хари избега во Канада со Меган за да не ја повтори трагедијата на неговата мајка! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....