Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека се сомнева во безбедноста и ефикасноста навчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија.
„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата Еј-би-си њуз.
Според Фаучи пред да почнат да се вакцинираат луѓето, вакцината мора да биде докажана дека функционира.
„Имаме многу вакцини. Ако сакаме да им наштетиме на луѓето или да им дадеме нешто што не функционира, тогаш би можеле да започнеме да им даваме вакцини уште следната недела. Но, тоа не го сакаме“, истакна епидемиологот.
Фаучи посочи дека кога слушаат информации за развој на вакцината во Русија или Кина, секогаш мора да знаат дека безбедносните стандарди во тие земји се различни од оние во САД.
The post Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна appeared first on Слободен печат.
Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна was first posted on август 12, 2020 at 8:50 am.