-3.2 C
Скопје
21:24 - 22 декември, 2024

ЕВЕ ЈА РУТАТА по која мигрантите пристигнуваат на Балканот (ФОТО+ВИДЕО)

Европа ја очекува нов силен бегалски бран. Десетина илјади бегалци се на пат од Турција кон Европската Унија, а илјадници од нив во моментов бараат можни начини и се обидуваат да влезат во Грција. Медумите пренесуваат дека тоа им успева само на мал број на луѓе.

Додека Грците порачуваат дека на сите можни начини ќе се изборат со новиот прилив на мигранти, земјите на Балканскиот Полуостров дополнително ја засилуваат заштитата на границата и велат дека се подготвени за нов бран на бегалци.

Според зборовите на турскиот министер за надворешни работи Сулејман Сојлу, до недела во 19.40 часот 100.577 мигранти ја напуштиле Турција преку Одрин (Едрене) на северозападот на земјата, дел кој се граничи со Грција и Бугарија, односно со ЕУ. Грција засега успева да одолее на приливот на бегалци и ги блокираше сите нови барања за азил во следните месеци.

Ниту Грција ниту Турција не можат да потврдат колкав број на мигранти ја преминале границата. Меѓународната огранизација за миграција (ИОМ) соопшти дека за викендот околу 13.000 мигранти веќе стигнале меѓу Грција и Турција.

Зошто Турција ги „пушти“ мигрантите од Сирија?

Турција е дом за 3,7 милиони сириски бегалци, како и мигранти кои доаѓаат од други земји, како што е Авганистан, но претходно ги спречуваше да одат во Европа според договорот поврзан со помошта од ЕУ.

Меѓутоа, Турција ја „отвори вратата“ за мигрантите да патуваат во ЕУ откако што најмалку 33 турски војници се убиени во воздушен напад во провинцијата Идлиб во Сирија минатата недела. Турција рече дека не може да се справи со луѓето кои бегаат од војната во Сирија и се надеваат на подобар живот во Европа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека од петокот им дозволува на мигрантите да влезат во соседните Грција и Бугарија, кои се членки на ЕУ.

Тој истовремено ја обвини Европа дека ги прекршила ветувањата дадени во 2016 година, кога Анкара прифати да ја поддржи југо-западната граница на ЕУ.

Поради сите настани, Европската агенција за надзор на границите Фронтекс соопшти дека е на „висока подготвеност“ на европската граница со Турција.

01 март 2020, мигранти се обидуваат да влезат во Европа преку граничниот премин во провинцијата Одрин, Турција-  ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Каква е ситуацијата во Грција?

На грчката граница, како и на островите кои се во близина на Турција мигрантите пристигнуваат од час во час.

Грчкиот премиер Кријакос Мицотакис во неделата навечер на Твитер објави дека земјата ги суспендирала новите барања за азил во следните месеци и рече дека Грција се повикала на итната клаузула од договорот со ЕУ „за да осигури комплетна европска поддршка“.

– Границите на Грција се надворешните граници на Европа. Ние ќе ги заштитиме – напиша Мицотакис.

Додаде дека во вторник ќе ја посети копнената граница Еврос со Турција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

– Уште еднаш – не се обидувајте нелегално да влезете во Грција – ќе бидете вратени – преупреди Мицотакис.

Грчките официјални лица рекоа дека спречиле околу 10.000 мигранти да ја поминат границата од Турција. Некои мигранти фрлале камења, метални прачки и канистери солзавец кога биле запрени на границата, на што грчките граничари одговориле со солзавец.

Многу мигранти се обидуваат да стигнат до ЕУ и по морски пат. Грчката полиција соопшти дека најмалку 1.000 луѓе на чамци стигнале до грчките острови Лезбос, Самос и Хиос, каде камповите за мигранти веќе значително се пренатурпани.

Знаејќи дека нема да им биде дозволено да слезат на грчките острови, мигрантите намерно ги превртуваат чамците за да ги принудат спасувачите да ги извадат од водата.

01 март 2020 / ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Бесни жители на Лезбос се обиделе да ги запрат мигрантите да пристигнат на островот извикувајќи: „вратите се во Турција“ и одбутнувајќи ги чамците кои ги заобиколиле патролите.

Министерот за надворешни работи на Грција на Твитер рече дека „никој не може да ја помине грчката граница“.

01 март 2020 – Мигранти се враќаат назад на Турската страна отакако 48 часа беа заглавени на мал грчки остров и се обидуваа преку реката да влезат во Грција/ ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Бугарија ги засили контролите, ниту еден мигрант не ја поминал границата

Иако во значајно помал број во однос на Грција, мигрантите од Турција патуваат и кон Бугарија, за оттаму да се обидат да стигнат до западот. Поради засилениот прилив на бегалци, бугарските власти уште минатата недела ја засилија контролата на границата и испратија единици на војската и полицијата на критичните точки.

Наводно досега се забележани само „изолирани случаи за нелегално поминување на границата“, но како што тврдат властите, без успех.

– Во овој момент ситуацијата е мирна – рече министерот за одбрана Красимир Каракачанов во неделата на интервју за медиумите во Софија.

Бугарската граница со Турција е во должина од 259 километри, а од петокот таму е испратено засилување од 350 војници. Каракачанов рече дека, доколку е потребно, на границата со Турција би можело да бидат испратени 1.100 војници.

Во меѓувреме, Европската комисија рече дека е подготвена да обезбеди помош за Бугарија за осигурање на грнаиците, пренсоа бугарските медиуми.

Таа надворешна граница на ЕУ добро е заштитена со жичани огради и камери. Министерот за одбрана потврди дека бугарскиот шеф на владата Бојко Борисов во понеделникот се состанува со турскиот претседател Ердоган.

ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN
Преку балканската рута до западните земји

Кога мигрантите ќе стигнат до Грција, Бугарија и Македонија, понатаму низ Србија, Хрватска и БиХ се обидуваат да стигнат до западна Европа.

Од 2015 година и најголемиот прилив на мигранти, транзитот на државјаните на Авганистан, Сирија, Пакистан преку Србија не прекинува, а моментално во Прифатните центри има 5.800 луѓе. Според податоците на Комесаријатот за бегалци и миграција, Србија е подготвена за прилив на поголем број на мигранти.

Првиот прифатен центаро од правецот на Грција и Македонија е во Прешево. Дневно прима и регистрира околу 50 миграти.

– Мислам дека можеме да одговориме на евентуалниот предизвик, но не очекувам да се повтори она што се случуваше во 2015 година. Прешево моментално има уште 150 места во цврсти објекти, за „не дај боже“ може да се активираат и дополнителни капацитети, па така можеме да сметаме на едно 1.200 места во Прешево – рече Горан Ќириќ од Прифатниот центар во Прешево.

Комесарот за бегалци и миграција Владимир Цуциќ очекува значаен прилив на мигранти од Турција.

Србија е подготвена за нов бран

– Очигледно е дека кон тоа се пристапува прилично организирано, може да се очекува голем притисок на границите на Грција и Бугарија, и уверен сум дека Србија е подготвена за било какво сценарио – тврди Цуциќ.

Во Србија во Прифатните центри има 5.800 мигранти, во Центарот за заштита и помош на баратели за азил проценуваат дека надвор од камповите има повеќе од 1.000 лица.

ФОТО: EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH
Хрватска на нозе

Земјите северно од Балканскиот Полуостров исто така се подготвуваат за нов бран на мигранти. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ рече дека Хрватска планира да се избори со можниот нов бран на мигранти.

– Хрватска е во константен контакт со Европската комисија, и додека претседаваме со Европскиот совет, имаме иницијатива ако повеќе мигранти се преселат во западна Европа – рече Божиновиќ.

Министерот рече дека оваа ситуација не е изненадување за Хрватска и дека сите служби целовремено се во полна оперативна функција.

Ги повика земјите членки на ЕУ што побрзо да се договорат за конкретна политика на ниво на ЕУ, бидејќи моменталната ситуација не е во корист на никому, ниту на земјите низ кои мигрантите поминуваат, ниту пак на земјите во кои сакаат да пристигнат.

Загреб зазема остар став кон миграцијата, па така безбедносните сили без прекин спречуваа влегување на мигранти кои во моментов се заглавени во соседна Босна и Херцеговина, поради што често беа критикувани од организациите за заштита на човековите права.

БиХ најави засилени контроли, дневно очекуваат и до 10.000 мигранти

Шефот на Мисијата на Меѓународната организација за миграција во БиХ, Петер ван дер Еверерт, предупреди дека Хрватска ја засилува контролата на границите, поради што во БиХ дневно може да се очекуваат и до 10.000 мигранти.

Тој смета дека решението не може да дојде од БиХ, дека капацитетите на земјата веќе се оптеретени, и дека е потребно да се работи со ЕУ за да се пронајдат алтернативи.

Ван дер Еверерт за сараевската Н1 ТВ нагласи дека мора да се пронајде заедничко решение за ЕУ и Западен Балкан бидејќи има поголем број на граници низ кои мигрантите поминуваат пред доаѓањето во БиХ.

Мигрантски камп Вучјак / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR
Мигрантски камп Вучјак / Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR
Унгарија за засилува заштитата на јужната граница

Унгарискиот премиер Виктор Орбан рече дека Унгарија ќе ја засили заштитата на јужната граница откако Ердоган информираше дека Турција повеќе не може да ги задржува мигрантите.

Орбан свика состанок на неговиот кабинет за безбедност на кој е одлучено дека „Унгарија мора да ја засили заштитата на своите граници и да посвети особено внимание на развојот на настаните на балканската мигранциска рута“.

Тој во петокот рече дека Унгарија треба да биде подготвена за понатамошни бранови на мигранти и „редовни, масовни напади“ на нејзината гранична оргада на југот.

– Без оглед на тоа колку мигранти може да пристигнат, унгарските власти се во состојба да ги осигураат границите. Не треба да се грижиме за безбедноста на Унгарија, се додека сме обединети – рече премиерот.

Тој додаде дека миграцијата југ-север е „историски тренд“ во кој правецот преку Унгарија е важен дел.

Виктор Орбан беше еден од најгласните поддржувачи на Ердоган, често нагласувајќи дека е во интерес на Европа и Унгарија да им пружат било каква помош на Турција во решавање на бегалската кр

Граничен премин Кебелиа, Србија – Унгарија EPA-EFE/ZOLTAN BALOGH
Официјално Скопје „спие“ мирно за можна мигрантската криза

Во моментов нема посериозна промена во динамиката на обиди за илегален влез на мигранти на нашата територија. Нашите полициски службеници во соработка со нивни колеги од повеќе пријателски земји кои ни помагаат веќе неколку години, ги преземаат потребните мерки и активности за заштита на нашата граница од мигранти, вели портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски за „Слободен печат,

 

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска изјави дека засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, но ако дојде до какво било отворање на рутатата и зголемување на бегалци тие може само да транзитираат или да бидат со времен престој до 72 часа.

 

Според Спасовски, системот за добро справување со евентуално миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институции се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.

– Знаете кој е ставот и политиката на Владата во однос на мигрантите, ние сме транзитна земја, имаме два транзитни центра, „Винојуг“ и „Табановце“ и ако дојде до какво било отворање на рутата односно зголемување на бегалци низ Република Северна Македонија може само да транзитираат или да се донесе времен престој до 72 часа – рече Спасовски.

За капацитетите на МВР за справување со проблемот, со оглед на тоа што неодамна со него раководи технички министер за внатрешни работи, Спасовски потенцираше дека системот функционира и оти тој не може да зависи од еден човек и од тоа дали министерот или кој било функционер е еден или два месеца на таа функција.

Берлин молчи на чекорот на Ердоган

Грчките медиуми пишуваат дека западните лидери реагирале „млако“ на чекорот на Турција, наведувајќи дека германската влада систематски избегнува да го осуди турскиот претседател поради неговата одлука да пушти илјадници бегалци и имигранти да ја поминат турската граница со Грција.

– Германската влада разгледува и очекува да почитува бегалскиот договоро меѓу ЕУ и Турција – пренесоа германските медиуми, додека грчките медиуми пишуваат дека Ердоган го прекршил тој договор.

Тие наведуваат дека само францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека „стојат до нивната земја по прашањето за заштита на границите“.

– Во полна солидарност со Грција и Бугарија, Франција е подготвена да допринесе со европски напори да им се обезбеди брза помош и заштита на границите. Мораме да делуваме заедно за да избегнеме хуманитарна и мигрантска криза – напиша Макрон на Твитер.

Вирус, тероризам – зошто сега е опасен бранот на мигранти

Тековниот притисок врз надворешната граница на ЕУ е значително поопасен отколку во 2015 година, предупреди неименуван германски експерт за безбедност во изјава за виенскиот весник „Естерајх“.

Мигрантите можат да бидат заразени со коронавирус и исто така терористи можат да се кријат во масите.

ФОТО: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Откако минатата недела Турција објави дека веќе нема да ги спречи бегалците и мигрантите да се преселат во таа земја од Европа, експертот истакна дека во моментов никој не знае колку луѓе ја напуштиле Турција и се упатиле кон грчката граница се заразени со новиот коронавирус и никој не е во состојба да ја процени состојбата во центрите за бегалци.

Долгогодишниот германски разузнавач посочува дека, како и во 2015 година, исламистичките терористи ќе ја искористат можноста да стигнат до ЕУ во бранот бегалци, поточно Германија и Франција.

„Шефовите на држави и Влади на ЕУ треба итно да ја поддржат Грција во мерките за одбрана“, нагласи експертот.

Прочитајте и: Зошто сириските бегалци не се добредојдени во богатите арапски држави?

The post ЕВЕ ЈА РУТАТА по која мигрантите пристигнуваат на Балканот (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....