Истече рокот (7 септември), до кога доверителите, требаше да си ги пријават побарувањата од „Еуростандард банка“ до стечајниот управник. Првото рочиште е закажано за 8 октомври, а над 2.000 компани, ќе треба да ги чекаат своите пари од стечајната маса.
Според, правниците кои ги консултираше „Слободен печат“, компаниите, всушност, ќе го почувствуваат најсилниот удар од пропаѓањето на оваа банка, бидејќи долг период нема да може да ги користат нивните средства.
–Првото рочиште е закажано за 8 октомври, а тоа значи дека дотогаш нема теоретски шанси овие правни лица да располагаат со своите сметки. А, и потоа, бидејќи првото рочиште ќе биде само за евидентирање на побарувањата. Потоа, работата ја презема стечајниот управник, а постапката може да се развлече- велат стечајни управници. Правните лица, кои имале сметки во „Еуростандард банка“ се двојно оштетени. Најстрашно е што е нарушена нивната ликвидност. Иако можат да отворат сметка во друга банка, тоа нема да им го реши проблемот, бидејќи ќе им требаат дополнителни финансиски средства, што е многу тешко во услови на коронакризата. На фирмите, кои се веќе „начнати“ поради намалената економска активност, пропаста на „Еуростандард банка“, им ги замрзна, ионака скудните средства со кои располагаат, велат правниците.
Во меѓувреме, Фондот за осигурување на депозити, информираше дека обесштетувањето на депозитите до 30.000 евра за физичките лица, ќе се исплаќа еднократно, а ќе биде достапно од денот кога ќе почне исплатата. Клиентите, ќе имаат на располагање три години од денот на почеток на исплатата. По истекот на овој период, депонентите, односно нивните наследници, исплатата на обесштетување ќе може да ја остварат преку Фондот за осигурување на депозити.
– Веќе се подготвува распределбата на депонентите по банки-исплатувачи и се изготвуваат потврдите за депозит, за процесот на обесштетување да се одвива максимално ефикасно и едноставно. Во текот на следните денови ќе биде соопштен датумот на којшто ќе започне исплатата, велат од ФОД. Преку Фондот, ќе се обесштетуваат околу 139 илјади штедачи.
Трифун Костовски, кој е еден од сопствениците на пропаднатата „Еуростандард банка“ во интервју за ТВ Телма, рече дека „ примарна цел на НБМ, била банката да се затвори, иако ни тој не се иззема од одговорност“. Костовски, нагласи дека во земјава има многу полоши банки од Еуростандард. Здружението, пак, кое ги застапува 780-те штедачи со депозити над 30.000 евра, побара кривични пријави за ченовите на Банката, кои придонеле за нејзино пропаѓање, како и замрзнување на нивниот имот.
The post „Еуростандард банка“: Над 2.000 компании ќе чекаат пари од стечајната маса appeared first on Слободен печат.
„Еуростандард банка“: Над 2.000 компании ќе чекаат пари од стечајната маса was first posted on септември 8, 2020 at 10:35 am.