23.8 C
Скопје
14:17 - 5 мај, 2024

Во Калифорнија и натаму беснеат три големи шумски пожари (ФОТО+ВИДЕО)

Три големи шумски пожари се уште беснеат во Калифорнија, а се предизвикани од рекордно високите температури во овој западен дел на САД.

Пожарникарите не се во можност да го изгаснат пожарот во централна Калифорнија, во округот Фресно. Огнот продолжува да се шири поради многу високите температури, зафаќајќи речиси 79.000 хектари, а истрагата за причините за пожарот се уште е во тек.

Пожарникари се борат со огнената стихија во калифорнија/ Фото:. EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Британските медиуми наведуваат дека локалните власти во областа Мадеира издале наредба за евакуација на граѓаните.

Пожарот во областа Сан Бернандино беснееше и во текот на ноќта, но до утринава неговиот интензитет се намали за седум проценти, потврдија властите.

Пожарникари се подготуваат за акција во Калифорнија/ Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Во националниот парк Кливленд се испратени околу 400 пожарникари во гаснењето на пожарот, што зафати над 10.000 ари, но засега неговиот интензитет е намален за само еден процент. Локалните власти издале повеќе наредби за евакуација и најавиле употреба на воени авиони за гаснење на огнот.

Резиденти гледаат во огнената стихија, Калифорнија, САД 07 септември 2020/ Фото: EPA-EFE/KYLE GRILLOT

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, синоќа прогласи вонредна состојба во областите Фресно, Мадеира, Марипоса, Сан Бернардино и Сан Диего.

Евакуација на населението 07 септември 2020 калифорнија, САД 2020/ Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

The post Во Калифорнија и натаму беснеат три големи шумски пожари (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Во Калифорнија и натаму беснеат три големи шумски пожари (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on септември 8, 2020 at 9:49 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....