14.8 C
Скопје
11:02 - 24 април, 2024

Меџити: Јахоски е дел од пратеничката група на ДУИ, станува збор за техничка грешка (ВИДЕО)

Тоа што Исмаил Јахоски е ставен како независен пратеник е техничка грешка на веб-страницата на Собранието која ќе биде исправена, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Изет Меџити.

Тој одговараше на новинарско прашање, откако вчера некои портали објавија дека Јахоски, кој беше избран од листата на ДУИ, сега е независен пратеник. Меџити рече дека Јахоски бил градоначaлник од ДУИ и дека сега е дел од пратеничлката група.

На веб – страницата на Собранието и денеска стои истата информација, според која Јахоски го нема меѓу пратениците од пратеничката група на ДУИ, туку во независни пратеници, каде уште се и Игор Дурловски, кој беше носител на листа на коалицијата што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Минов од владејачката коалиција.

Меџити исто така рече дека владејачката коалиција има парламентарно мнозинство, иако пратеникот Арбен Зибери е во изолација, а Јагода Шахпаска, која е избрана за министерката за труд и социјална политика, нема наследничка.

„Има мнозинство. Ние сме во секојдневна комуникација и има ситуации кога треба да делуваме во посебни услови- изјави Меџити.

Тој не знаеше да каже дали освен Зибери и некој друг пратеник е во изолација.

The post Меџити: Јахоски е дел од пратеничката група на ДУИ, станува збор за техничка грешка (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Меџити: Јахоски е дел од пратеничката група на ДУИ, станува збор за техничка грешка (ВИДЕО) was first posted on септември 8, 2020 at 12:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....