4.8 C
Скопје
09:19 - 22 ноември, 2024

Експертите предупредуваат: Ако го носите ова, залудно ги миете и дезинфицирате рацете

Претходните истражувања покажаа дека луѓето што носат прстени, а употребуваат средства за дезинфекција, имаат повеќе бактерии на своите раце отколку оние кои не носат накит.

Новото истражување спроведено на Универзитетот во Џорџија покажало дека лицата кои носат накит не можат доволно добро да ја одржуваат хигиената зашто кожата под накитот станува идеално место за развој на бактерии. Освен тоа, се докажало дека лицата кои не носат прстени подобро ги мијат своите раце од оние кои носат прстени.

Средството за дезинфекција, исто така, е помалку ефикасно поради накитот.

Но, треба да се знае дека не е доволно само да се извади накитот за време на миењето раце и дезинфекција.

-Ако вашиот накит е заразен со бактерии, и вие само го вратите назад после миење на рацете, вашите раце повторно ќе бидат заразени, – вели Луси Вилсон, стручњак за здравје, и додава:

-Ако не мислите да го дезинфицирате вашиот накит, тогаш немојте да го вадите, па повторно да го ставате.

Ако сепак, не сакате да го извадите вашиот накит, стручњаците препорачуваат со миењето на рацете со топла вода и сапун, да го измиете и накитот, за да бидете сигурни дека сте го дезинфицирале од сите бактерии.

Но, никако немојте да го миете накитот со средство за дезинфекција, затоа што така ќе го уништите.

The post Експертите предупредуваат: Ако го носите ова, залудно ги миете и дезинфицирате рацете appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....