1.8 C
Скопје
08:41 - 24 ноември, 2024

Еколог предупредува: Од ова подрачје може да стигне следниот вирус

Следната пандемија би можела да почне од амазонската прашума, предупредува бразилскиот еколог Давид Лапопа и тврди дека човечкото уништување на животинските живеалишта таму ги преминува сите граници заради бесмисленото сечење на шумите.

Научниците велат дека урбанизација на дотогашните дивини придонесува до појава на зоолошки заболувања, односно болести кои од животните преминуваат на луѓето.

Тоа го вклучува и коронавирусот, кој најверојатно се пренел од лилјак на луѓе во кинеската покраина Хубеи која рапидно се урбанизира.

Лапола (38), кој проучува како човечките активности ги менува екосоставите на тропските шуми, тврди дека истите процеси се случуваат во Амазонија.

Амазонија – голем резервоар на вирусот

„Амазонија е голем резервоар на вирусот. Подобро да не ја испробуваме среќата“, рекол тој во разговор за АФП.

Најголемата светска прашума исчезнува со вознемирувачка брзина.

Минатата година беше прва во претседателскиот мандат на десничарот и климатски скептик Жаир Болсонаро, кој сака да ги отвори некогашните заштитени домородски подрачја за рударење и земјоделство, и притоа уништувањето на дрвата во Амазонија значително порасна.

Трендот продолжува и оваа година. Од јануари до април се „избришани“ 1200 квадратни километри шума, што е нов рекорд за четиримесечен период. Расчистената површина надмина вкупно 11.000 квадратни километри, што е површина приближно со големината на Далмација.

Тоа се лоши вести, не само за планетата туку и за човечкото здравје, вели Лапола кој докторирал на институтот Макс Планк, а сега работи на бразилскиот универзитет Кампинас.

„Кога правите еколошка нерамнотежа, тогаш вирусот може да скокне од животните на луѓето“, рекол тој.

ХИВ, ебола, денга

Слично веќе се случи при појавата на ХИВ, ебола и треската денга. „Тие вируси се појавија и раширија заради еколошка нерамнотежа“, вели Лапола.

Досега повеќето такви епидемии биле забележани во јужна Азија и Африка.

Големиот диверзитет на живот во Амазонија може од регионот да направи „најголем светски базен на коронавирусот“, рекол Лапола мислејќи на коронавирусот опширно, а не само на причините за постоење на пандемијата.

„Тоа е уште една причина Амазонија да не се користи ирационално“, нагласил тој.

„Мораме да го средиме односот меѓу нашето општество и прашумата“, тврди тој. „Инаку на светот ќе му следат уште пандемии со непредвидлив крај. Подобро ни е да играме на сигурно“.

The post Еколог предупредува: Од ова подрачје може да стигне следниот вирус appeared first on Слободен печат.


Еколог предупредува: Од ова подрачје може да стигне следниот вирус was first posted on мај 18, 2020 at 9:27 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....