03:34 - 5 февруари, 2025

Една свадба – седум погреби: Во Мејн од семејната веселба заразени 177 лица (ВИДЕО)

Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми.

На прославата присуствувале 65 лица додека максимално дозволен број поради пандемијата е 50 лица.

Венчавката се одржала на 7 август, со верска церемонија во баптистичка црква, а потоа и хотелски прием. Двете места се близу до живописниот град Милинокет со 4.000 жители во државата Мејн.

По 10 дена, 24 лица поврзани со настанот се заразени со коронавирус, а вчера беше објавено дека 177 веќе биле заразени и дека седум лица починале од Ковид-19.

Од починатите само еден не присуствувал на венчавката.

Истрагата укажала на неколку жаришта на зараза во државата. Меѓу нив, повеќе од 80 случаи се во затвор на 370 километри од местото на венчавката, на кое присуствувал припадник на обезбедувањето на затворот, 10 случаи се во баптистичката црква, 39 случаи и 6 смртни случаи се во  дом за нега на стари лица на 160 километри од Милинокет.

The post Една свадба – седум погреби: Во Мејн од семејната веселба заразени 177 лица (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Една свадба – седум погреби: Во Мејн од семејната веселба заразени 177 лица (ВИДЕО) was first posted on септември 18, 2020 at 8:34 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....