2.8 C
Скопје
17:50 - 25 ноември, 2024

Единственото место на планетата каде нема коронавирус: Се придржуваат на една мерка, и тука лежи тајната на успехот (ВИДЕО)

Антарктикот со месеци е одвоен од остатокот од светот, иако не е забележан ниту еден случај на коронавирус. Зошто тогаш истражувачките тимови ги следат мерките на изолација во борба против вирусот ако веројатно тој не ни постои на континентот?

„Случај на Ковид-19 тука може да биде катастрофален“, рекол Прадип Томар, лекар за истражувачка мисија во индиската база Барати на Антарктикот за Би-Би-Си. „Затоа и преземаме карантински мерки. Се чувствуваме како да сме изолирани внатре во изолација. Превенцијата е многу подобра од лечењето“.

Ако во оваа истражувачка база има епидемија, тоа би било катастрофално. Невозможно е да се оди било каде, медицинските институции се ограничени, а веројатноста да се прошири на други би била голема. Така што, и покрај тоа што се наоѓаат на единствениот континент без ниту еден случај на коронавирус, тимот од 23 луѓе кои биле на мисијата, се наоѓаат во карантин од февруари.

Секој кој доаѓа на Антарктикот мора да оди на задолжителен карантин од 14 дена. Во случај некој да почне да покажува симптоми на Ковид-19 на Антарктикот, мора веднаш во изолација, како и со сите со кои имал контакт.

На Антарктикот има 29 држави со бази, а пред воведување на карантин во базата Барти редовно доаѓале посетители од соседните експедиции. Би се подигнале државните знамиња на посетителите и различни тимови заедно би прославиле важни државни денови. А ако на една од базите им била потребна опрема, би ја позајмиле од своите соседи.

„Ова ниво на хармонија меѓу народите не постои во вистинскиот свет“, вели д-р Томар. Меѓутоа, тој не видел никој од другите објекти од почетокот на март, кога заедничките активности биле паузирани.

 

Кога д-р Томар на 15 ноември 2019 година стигнал во базата Барати за да ги проучи психолошките ефекти од поларната експедиција на истражувачите, светот бил приближно ист како секогаш. Сега, вели тој, има постојана загриженост, која додатно поттикнува недостаток на податоци за коронавирусот – и постојана загриженост за нивните фамилии дома.

Д-р Томар и неговите колеги имаат само нејасна претстава за тоа што глобалната пандемија и карантинот навистина значат. Се потпираат на информации кои секојдневно ги пренесуваат пријателите и фамилиите. Тешко е да се замислат некои последици од социјално дистанцирање.

„Моите пријатели ми рекоа дека преживуваат слична ситуација како нашата, дека се изолирани во домовите“, вели тој и додава дека е невозможно да се замисли како цел свет излегува со маски на лицето.

Со карантинските мерки низ целиот свет, патувањето во базата и надвор од неа може да стане тешко. А тоа би можело да значи дека научниците мораат да останат месеци подолго отколку што очекувале во ладна и непристапна клима.

Целиот тим во Барати поминал сеопфатна обука пред доаѓањето за да научат како ментално и физички ќе ја преживеат антарктичката зима. Заради постојаната социјална дистанца и недостаток на сончева светлина, на нив им се заканува ризик од депресија. На континентот каде многу зимски месеци поминуваат без сончева светлина, одржување на редовен сон може да биде тешко.

Кога д-р Томар пристигнал, бил свесен за опасноста од пејзажот на Антарктикот.

„Има постојана опасност кога сте тука. Огромните мразови се полни со скриени пукнатини во кои може да се падне“ вели тој.

Но повеќето членови на тимот повеќе се плашат за луѓето дома отколку за себе.

„Искрено сакам моментално да можам да и служам на својата земја. Никој никогаш не бил сведок на слична криза. Се надевам дека повторно ќе го видиме истиот свет кога ќе се вратиме дома“, вели Томар за Би-Би-Си.

The post Единственото место на планетата каде нема коронавирус: Се придржуваат на една мерка, и тука лежи тајната на успехот (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Единственото место на планетата каде нема коронавирус: Се придржуваат на една мерка, и тука лежи тајната на успехот (ВИДЕО) was first posted on мај 15, 2020 at 11:16 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....