По бројните реакции, фотографијата која на фејсбук профилот на албанскиот премиер Еди Рама стоеше речиси 15 часа мистериозно исчезна.
Oд Кабинет на Рама за МИА информираа дека во јужниот дел на Албанија исто така постои село со истото име и оти фотографијата по грешка била објавена дека е од Албанија.
Оттаму, се заблагодарија на сите следбеници коишто им посочиле дека тоа прекрасно место е во Северна Македонија.
– Исто така постои село во јужна Албанија со истото име и сликата по грешка беше означена дека е од Албанија. Им се заблагодаруваме на сите следбеници коишто ни посочија дека ова прекрасно место е во Северна Македонија, наведоа од Кабинетот на Рама.
Објавата на Рама, покрај бројните негативни коментари предизвика и доза на потсмев кај дел од корисниците на социјалните мрежи.
Некои од нив побараа од албанскиот премиер да научи географија, или пак да вработи советник за географски прашања, други пак објавија фотографии од странски знаменитости за кои велат дека се наоѓаат во Албанија или пак на познати албански туристички места им дадоа македонски имиња.
Еди Рама со фотографија од Лешница ја претстави „прекрасната“ Албанија (ФОТО)
Водопадот на Лешница и кањонот на Кривошијска река е една од омилените тури на домашните туристи и планинари, а важи за еден од најубавите предели на Шара.
The post Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница appeared first on Слободен печат.
Еди Рама ја отстрани фотографијата од Лешница was first posted on септември 29, 2020 at 6:33 pm.