3.8 C
Скопје
07:41 - 15 ноември, 2024

Две експлозии одекнаа на Филипините, најмалку 9 загинати (ФОТО)

Две експлозии на бомби, во период од неполн час, синоќа одекнаа во градот Холо, во провинцијата Сулу, на 10.000 километри јужно од главниот филипински град Манила, јавија полициски извори, пренесе ДПА.

Според Си-Ен-Ен, првата експлозија одекнала во 11:53 по локално време на плоштад на главната улица во Холо.

Како што објави Еј-Би-Си на Твитер, во експлозиите има најмалку девет загинати лица, а 17 други се повредени.

„Првичните извештаи откриваат дека експлозијата потекнува од … мотоцикл наполент со импровизирана експлозивна направа”, наведуваат полициските извори. Во извештајот се додава дека во експлозијата загинале петмина војници и четворица цивили, а дека истовремено се повредени уште 16 војници.

Втора експлозија се случила околу еден час подоцна, пред банка во близина на истата улицата, додека безбедносните сили се уште го обработувале местото на првиот инцидент, се наведува во полицискиот извештај.

Провинцијата Сулу е упориште на терористичката група Абу Сајаф, која е обвинувана за некои од најтешките терористички напади на Филипините, како и киднапирања и обезглавувања, додава ДПА.

The post Две експлозии одекнаа на Филипините, најмалку 9 загинати (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Две експлозии одекнаа на Филипините, најмалку 9 загинати (ФОТО) was first posted on август 24, 2020 at 9:54 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....