МВР информира дека вчера во 14 часот и 50 минути во полициската станица за граничен премин Попова Шапка било пријавено дека на територијата на Македонија влегол дваесетгодишниот Ф.А од Косово, заедно со уште неколку лица по што влегле да се капат во Караниколичко езеро. Според пријавеното Ф.А се удавил.
Едно од лицата се вратило во Косово, го пријавило настанот во полициска станица Драгаш, од каде потоа е известена македонската полиција. Околу 9 часот увидна екипа од СВР Тетово и Јавен обвинител со хеликоптер пристигнале на местото на настанот и телото било извадено од водите на езерото. По наредба на обвинител телото е дадено за обдукција. Останатите лица кои биле со починатиот биле приведени во полициска станица Тетово за расчистување на случајот.
The post Дваесетгодишник се удави во Караниколичко Езеро appeared first on Слободен печат.
Дваесетгодишник се удави во Караниколичко Езеро was first posted on август 29, 2020 at 3:13 pm.