3.8 C
Скопје
00:02 - 21 декември, 2024

ДУИ секогаш „пука“ јако!

Албанец за Премиер е најновата понуда од страна на ДУИ. И ако се исполнат одредени околности нема да биде чудо ако тоа и случи. Не е прашањето дали од демократски аспект тоа е можно. Туку каква идејно политичка разврска би настанала со тоа и кој што би добил или изгубил.
ДУИ не се партија од вчера, која не ги направила сите проценки за да влетаат во ваква кампања.
Како прво, за остварување на идејата ги повикаа сите партии на Албанците на обединување. Затоа и не предлагаат Премиер од редовиите на ДУИ. Тоа би звучело многу тесно партиски. Се разбира дека посакуваат да биде „нивен“ човек, но мудро велат дека тоа е надпартиска идеја.
Веројатно веќе имаат и кандидат со кого ќе литицираат во разговорите со идниот коалициски партнер. За името сеуште не се говори, но за верување е дека тоа ќе биде некој од истакнатите економски експерти кои веќе има личен и професионален кредибилитет кој нема да се доживува како партиски апаратчик, поданик на Ахмети. Но најважно е од македонска страна да не биде доживеан како „типичен“ Албанец, туку како веќе етаблиран експерт без нагласено етничко потекло. Секој понаков кандидат едноставно нема да „пројде“ кај Македонците. Ниту кај партиите, ниту кај етникумот.
Затоа тие се обраќаат и до најголемите партии на Македонците како и до македонското гласачко тело.
Се сеќавате на кандидатот за претседател Имер Селмани. Тој го проби мразот кај македонските граѓани и беше прашање на време кога ќе се случи ова побарување од страна на албанската политичка елита.
Има разногласие колку оваа идеја на ДУИ е остварлива, или пак тоа е само гол популизам и борба за албански гласови.
Некои аналитичари забележуваат дека Премиер се станува со добивање мнозинство, а не со етничка припадност или желба.
И веројатно во изборни математики на ДУИ се вклопува овој предлог. Ако резултатите на изборите бидат многу тесни меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и ако стекнувањето мнозинство за формирање Влада зависи од ДУИ, тогаш адутот „Премиер Албанец“ може да биде доста силен во преговорите. На крајот математиката е следна, тие би добиле Премиер Албанец, но другите би ја добиле ВЛАСТА!
Но во таква ситуација она што ДУИ не го кажува е врз која политичка платформа би владеел тој Премиер. Се разбира говориме за формирање политичка влада, а не дека станува збор за идеја од „надвор“, за формирање некаква преодна или концентрациона Влада во која би влегле сите партии со премиер Албанец, за да може земјата политички „неподелена“ да го добие своето место под европското сонце.

Прво, политичка Влада формира партија или коалиција со идеолошки јасна економско политичка платформа. Второ следат пазарења во поделбата на министерски места.
Прашањето е од што во вакви услови ќе се откаже ДУИ.
Правило е дека кога добиваш нешто автоматски нешто и губиш. И обратно. Србите велат „шта добијеш на мосту, изгубиш на ќуприи“.

Ако Премиерто Албанец „легне“ на граѓанската платформа на една од македонските партии, тогаш значи дека ДУИ престанала да биде партија која иманентно се бори за правата на Албанците и се трансформира во граѓанска партија. Како таква станува ирелевантна во стандардниот идеолошки албански политички корпус. Освен тоа во пазараот за премиер во замена ќе треба да се откаже од значителен број министерски места, како и други значајни, а веќе стекнати позиции во државните институции.
Значи може да се случи да ја оствари целта, но да добие Премиер Албанец со моќ како англиска кралица. Ако тоа им е целта можеби и не е толку недостижна. Сепак најпрвин ќе треба да ја добие довербата кај своето гласачко тело.
Нема извесност како би профункционирала идејата Премиер Албанец со друга македонска партија.
Дали овој предлог ќе се реализира или не секако останува да се види. Но со него ДУИ уште еднаш се наметнува на политичката сцена како сериозен играч на кого мора да се смета во калкулациите за составување Влада.
Партијата успеа за ова релативно кратко време од дебаклот на последните избори да се врати во живот и дури повторно да се наметне како прва виолина во плуралниот политички оркестар.
За тоа секако и помогна местото и улогата во Владата, позиција која на нејзините министри им даде можност да се претстават како носители не само на партиски, туку и на државни важни функции, во сериозни политички времиња.
За разлика од нив кај останатите партии на Албанците доминираше колебливост во одлуката да бидат дел од власта или да останат во опозиција. При тоа генерално давајќи му собраниска подршка на Премиерот Заев во клучните одлуки за државата, и со тоа не сакајки и даваа подршка и на ДУИ.
Звучи контрадикторно, но тие на некој начин и ја зацврстија позицијата на ДУИ, оставајќи и доволно медиумски простор за тие да се „измијат“ од багажот на режимска партија „венчана“ за ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски и за криминалите кои им се товареа на грбот.

Засега предлогот не наидува на одобрување кај останатите партии на Албанците, но тоа ништо не мора да значи. Кога станува збор за сеалбански интерес тие секогаш можат да најдат точка на спојување како што тоа беше т.н. тиранска платформа или други форми на етничка манифестација на единство.

Инаку антиципација на предлогот Албанец Премиер имаше уште во „консензуалноста“ на кандидатот за Претседател на државата.
Тогашното одбивање да се подржи кандидатот на Алијанса за Албанците и на Беса, Блерим Река од страна на ДУИ беше пресметан токму за овој момент. Точно е дека Али Ахмети тогаш се правдаше дека е глупост да се кандидира Албанец за Претседател на државата кога за тоа се нема доволно гласови, што е факт. Но тоа во случајот Премиер не важи. Премиерот не се избира на непосредни избори, туку може да биде резултат на партиски договор. А таквите договори зависат од силата на партиите кои преговараат и од подготвеноста за отстапки.

The post ДУИ секогаш „пука“ јако! appeared first on Слободен печат.


ДУИ секогаш „пука“ јако! was first posted on јуни 10, 2020 at 8:19 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....