1.8 C
Скопје
19:28 - 26 ноември, 2024

Држете го Итар Пејо, кога тогаш Бугарија ќе дојде по него

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева „кликна“ и гласно викна дека го нашла судбоносниот одговор на прашањето: Зошто Бугарија бара Македонија да се откаже од македонскиот јазик, нација, историја, а од неодамна и од писменоста? Тоа да ти било бидејќи Европската Унија, барала соседите меѓу себе да имаат добри односи. Па така, таа во едно телевизиско интервју на бугарски медиум рече дека добрососедските односи не ги измислила Бугарија, туку биле основен услов и критериум за членство во ЕУ. Захариева додаде дека Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што е потпишан и на македонски и на бугарски јазик.

Во јавноста, вперениот прст на бугарската шефица на дипломатијата кон ЕУ, предизвика низа прашања, меѓу кои и: Зошто Европа дозволува Бугарија да се мајтапи со неа? но, и: До кога Бугарите ќе играат болеро врз нервите на Унијата, кога „добрососедските односи“ на некој начин не се формално дел од договорите на ЕУ. Е, добро, де, беа вклучени отпосле пред десетина и кусур години, во последното проширување со документ „Агенда 2000“ на Европската комисија. Целта на овие „добрососедски односи “, била да не се внесувале „споровите меѓу соседите во Унијата“.

Но, се ќе беше во ред ако истото правило на европејците важеше за сите подеднакво, а не јавноста секојдневно да се прашува зошто но, и до кога Унијата ќе има двојни аршини, еден за сите, а друг само за Македонија.

Ако го земеме примерот на Словенија и Хрватска, ќе видиме дека тие, иако се членки на ЕУ, имаат отворен спор. Со години наназад не можат да се договорат за границата на Пиранскиот залив на Јадранското море. Или пак, да зборуваме за добрососедските односи меѓу Турција и Грција. До сега, барем гласно, не сме слушнале „старата дама“ да ги укори, иако Турција е земја аспирант за членство во Унијата, а Грција европска членка. Двете земји, пак, се НАТО сојузници.

Еве, на крајот на краиштата зошто да не ја земеме и Бугарија за пример како членка на Унијата, за да видиме како бугарските власти го спроведуваат Копенхашкото правило дека сите членки треба да имаат „стабилни институции кои ќе ги гарантираат демократијата, владеењето на правото, човековите права и почитувањето и заштитата на малцинствата“. Кај нашите соседи, не само што го негираат македонското малцинство, туку не дозволуваат да биде регистрирано ниту едно здружение на Македонците, (ОМО „Илинден“ кое веќе 20 години бара да биде регистрирано). И што да се прави кога „од авион“ се гледа дека ЕУ замижува пред маката на Македонците во Бугарија.

Деновиве Бугарија од Комитетот на министри ја доби пораката „да ги продолжи своите напори за подигање на свеста дека на здруженијата чија цел е да се постигне ‘признавањето на македонското малцинство во Бугарија’ не треба да им се забранува да се регистрираат поради целите на здруженијата и средствата за нивно постигнување, што е спротивно на пресудите на Европскиот суд во овие случаи и дека таквите здруженија не треба да бидат предмет на постапки за распуштање по слична основа“, но од бугарска страна нема одговор. Бугарија е осудувана веќе 13 пати од Судот за човекови права во Стразбур за тоа што ги дискриминира Македонците, но, за тоа, дека одлуките на судот бугарската влада ги игнорира, Европа „мува не ја лази“. Очигледно дека ќе биде така и за последната порака од Комитетот на министри.

Од друга страна, пак, ги имаме македонските власти кои во секое време се подготвени да креираат добрососедски односи со Бугарија и покрај тоа што оваа земја решила критерумот „добрососедски односи“ да го растегнува до бескрај. Во рестегнувањето на критериумот „добрососедство“ бугарските власти бескрајно се трудат во нив да влезе и историјата (Гоце Делчев да биде Бугарин), иако „добрососедството“ како критериум на ЕУ е единствено поврзано со гранични/територијални тензии.

Последниот испад на Бугарите е прогласувањето на сесловенските просветители Кирил и Методиј за Бугари. Историчарите од Македонија и Бугарија на официјална Софија ѝ укажаа дека под ниту еден основ двајцата учители не можеле да бидат Бугари, бидејќи во времето во кое живееле (9 век) немало нации. Сепак, од пуста желба „да му умре магарето на комшијата“ тие уште го прогласија и 24 мај, денот на сесловенската писменост, за Ден на бугарската писменост.

Како што тргнале Бугарите да прогласуваат се што е добро на планетата Земја за бугарско, наше е да си го чуваме своето. И да не заборавиме дека и итроманецот, Итар Пејо бил Македонец, бидејќи луѓето со карактер како пејовиот, итрост, духовитост и способност во определени состојби да се снајде и преку хумор да ја открие и искаже вистината ќе ни требаат во вакви тешки моменти. Пејо бил мудар и брз во решавање на проблемот; секогаш снаодлив, ведар и насмеан и во најтешките состојби итромански излегувал победник.

Како Кирил и Методиј станаа Бугари во време кога не постоеле нации?!

The post Држете го Итар Пејо, кога тогаш Бугарија ќе дојде по него appeared first on Слободен печат.


Држете го Итар Пејо, кога тогаш Бугарија ќе дојде по него was first posted on октомври 4, 2020 at 9:41 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....