16.8 C
Скопје
04:07 - 20 мај, 2024

Мистериозна софтверска компанија што никогаш не заработила ништо, вреди 22 милијарди евра

Ако не сте чуле за софтверската компанија „Палантир“, тоа не е ни чудо – таа компанија ги снабдува тајните служби со многу податоци и целиот свој имиџ го гради во тајност.

Мистериозната компанија сега излезе на берза, па полека се дознава по нешто за неа.

Ако компанија крие нешто, тогаш инвеститорите треба да ги држат рацете подалеку од неа. Во „Палантир“, веројатно најозлогласената софтверска компанија во светот, криењето информации е деловен модел. Наводно им помага на владите и тајните служби да ловат терористи и криминалци. Затоа толку малку се знае за оваа компанија.

Излегувањето на „Палантир“ на берзата менува многу работи, бидејќи нешто требаше да се открие за неа. Од основањето, пред 17 години, компанијата никогаш не остварила профит, а можеби ќе биде исто и во иднина, се наведува во проспектот.

И покрај тоа, вредноста се проценува на 22 милијарди долари. Уште првиот ден имаше голем интерес за берзата, па почетната цена од 7,25 долари на крајот на денот се искачи на 10 долари, што значи раст од 38 проценти.

Влијателни клиенти

Меѓу клиентите на оваа компанија се и американските служби на ЦИА, ФБИ, НСА како и маринците. Скоро секоја американска институција ги користи услугите на „Палантир“. И во Германија, на пример, полицијата во државата Хесен ги користи програмите на оваа компанија за борба против криминалот. Компанијата во Силиконската долина има вкупно 125 клиенти.

Според извештаите во медиумите, „Палантир“ помогнал во откривањето на скривалиштето на Осама бин Ладен. Компанијата никогаш не го коментираше тоа тврдење. Сигурно е дека тие придонеле за откривање на измамникот за инвестиции Берни Медоф.

Но, каде работат околу 2.400 вработени и кој точно ги користи услугите – тоа е тајна веќе подолго време. Не е изненадувачки што „Палантир“ го бие глас на најмистериозната компанија во софтверската долина во Калифорнија. Кој инвестира во неа, не може да биде сигурен во што се впушта.

Секој што бара јасни информации во идните извештаи за профит, ќе биде разочаран, бидејќи управата на „Палантир“ е многу таинствена, вели Ник Ајнхорн од „Ренесанс капитал“, кој ги анализира новодојденците на берзата.

-Мислам дека голем број на потенцијални инвеститори ќе почекаат пред да инвестираат- вели Ајнхорн.

За основачите на компанијата, Алекс Карп и Питер Тил, излегувањето на берзата е профитабилно во секој случај. Ако сè оди како што треба, тие ќе соберат милијарди за компанија која досега немала ниту цент профит. Питер Тил (52), еден од најуспешните инвеститори во Германија, веќе има милијарди од основањето на PayPal.

Но, Алекс Карп (52) сè уште го чека своето големо ремек-дело бидејќи немаше видлив успех пред „Палантир“. Овој Американец зборува одлично германски, студирал на Универзитетот Гете во Франкфурт кај познатиот германски филозоф Јирген Хабермас.

Тајни агенти, деловни луѓе

По терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон во 2001 година, Тил одлучи да создаде компанија што ќе помогне во лов на терористи со големи количини на податоци. Инвестицискиот оддел на ЦИА го поддржа формирањето на компанијата во надеж дека САД еден ден ќе можат да ја користат технологијата за тајните служби и армијата. Првиот ангажман на „Палантир“ се случи за време на војните во Авганистан и Ирак.

Денес, техниката на оваа калифорниска компанија се користи надвор од круговите на тајните служби. Нивните податоци ги користат на пример производителот на авиони Ербас, хемиско-фармацевтскиот концерн „Мерк“ или автомобилскиот концерн „Фиат-Крајслер“.

Концернот за нафта БП користи аналитички програми од „Палантир“ за да открие нови наоѓалишта на нафта и гас. Така, производството на нафта во Северното Море се зголеми за околу десет проценти.

„Палантир“ свесно се свртува кон приватни клиенти. Компанијата сака да се ослободи од тајната деловна активност со тајните служби. Бизнисот со приватни лица треба да донесе повеќе од половина од приходот во иднина. „Палантир“ лани оствари промет од 742 милиони долари.

Но, во исто време, компанијата изгуби повеќе од половина милијарда долари. И затоа има сомнеж во вредноста на компанијата.

Извор: Vjesti.me.

The post Мистериозна софтверска компанија што никогаш не заработила ништо, вреди 22 милијарди евра appeared first on Слободен печат.


Мистериозна софтверска компанија што никогаш не заработила ништо, вреди 22 милијарди евра was first posted on октомври 4, 2020 at 10:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....