20:11 - 8 мај, 2024

ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО)

Ерменското Министерство за одбрана соопшти дека азербејџанските сили го гранатирале Степанакерт, главниот град на самопрогласената република Нагорно Карабах, а на Фејсбук објави видео од последиците од тоа гранатирање, пренесе Vjesti.me

На видеото се гледаат кратери по експлозија на гранати, урнатини на згради, автомобили закопани во урнатините.

Претходно беше објавено дека жени и деца го напуштаат Степанакерт поради гранатирање. Речиси сите жители ги напуштија градовите во Карабах, кои се на линијата на контакт со вооружените сили на Азербејџан.

Од Азербејџан, пристигнуваат поинакви информации за тековниот конфликт околу Нагорно Карабах. Ракетите летаат од Степанакерт кон азербејџанските градови, Баку одговара на огнот, тврди денеска Министерството за одбрана на Азербејџа,појаснувајќи дека е извршен ракетен напад од територијата на Степанакерт врз азербејџанските градови Тертер и Хорадиз, кои граничат со Нагорно Карабах.

-Во моментов Степанакерт е повторно нападнат, вели ерменското министерство за одбрана.

Министерството вели азербејџанската армија „презема соодветни мерки”.

Официјални лица од Нагорно Карабах соопштија дека досега се убиени над нивни 150 војници. Азербејџанските власти не дадоа детали за нивните воени жртви, но соопштија дека биле убиени 19 цивили и уште 55 ранети. 

Вахрам Погосијан, портпарол на претседателот на Нагорно Карабах, вчера на Фејсбук напиша дека разузнавачките податоци покажуваат дека околу 3.000 Азербејџанци загинале во борбите, но не даде детали.

Извор: Vjesti.ma.

The post ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on октомври 4, 2020 at 10:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....