9.8 C
Скопје
11:42 - 18 ноември, 2024

Државата ги заборави: За децата со посебни потреби училишната година нема да почне

Министерството за образование и наука има уште малку време да ги примени протоколите за настава пред почетокот на новата учебна година на 1 октомври, но родителите на деца со посебни потреби реагираат дека во протоколот се изоставени децата кои имаат посебни образовни потреби.

Според Сања, мајка на седмооделенец кој има аутизам, ниту минатата година, кога во март беше одлучено наставата да се следи од дома, ниту пак оваа година, Министерството не изготвило програма за работа од дома, наменета за нивните индивидуални потреби.

– Моето дете кое има аутизам не е во можност да ја следи он-лајн наставата каква што е подготвена за останатите ученици. Децата со посебни потреби, кога одат во училиште имаат посебна наставна програма која вклучува дефектолози, логопед, педагог, програма индивидуална за секого, споед која добиваат оценки. Второто полугодие лани, таква програма не ни дадоа за он-лајн настава, но тоа можам да го сфатам, бидејќи ситуацијата сите не пречека неподготвени. Но, сега после шест месеци, немам разбирање што за децата со посебни потреби никој не се обиде да изготви соодветна програма за учење од дома, вели Сања.

Дали Министерството за образование и наука  планира да изготви посебна наставна програма, за он лајн учење, за децата со посебни потреби, прашавме во Министерството, од каде што не добивме одговор.

Иако, на веб страната на МОН, е објавен план и протокол за постапување на основните и средните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес, со физичко присуство на учениците во учебната година 2020/21 година, во истиот многу малку се застапени учениците со попреченост.

Проблем за децата со посебни потреби, но и за родителите, е и недостатокот од образовни и лични асистенти. Сања, и покрај апликацијата во училиштето за личен асистент, била одбиена поради, како што ` било кажано, недостаток на пријавени асистенти.

– На асистентите што беа ангажирани им беа прекинати договорите. Од училиштето каде што е запишан син ми, побараа да им пратиме барање за асистенти, а потоа ни рекоа нема да има асистенти. Тоа воопшто не ме изненадува, бидејќи асистентите се всушност невработени лица, со соодветно образование, кои работат за 9.000 денари месечно, преку проект на УНДП, додава Сања.

Од општина Ѓорче Петров, каде што живее Сања, ни потврдија дека се справуваат со потешкотии во обидот да обезбедат лични и образовни асистенти.

– УНДП ни одобри средства за девет персонални асистенти, но досега се пријавија само седум. Нема интерес поради ниските месечни плати кои им се нудат на асистентите. Никој не сака да работи за 7.000 плата, а при тоа да има факултетска диплома. Но, и да се пријават уште потребните двајца, пак ќе биде недоволно, бидејќи имаме реална потреба за 20 лични асистенти, нѝ изјави Соња Палчевска Ќосева, од секторот за образование во Општина Ѓорче Петров.

Таа нагласи дека асистенти ќе им бидат доделени само на децата со посебни потреби кои одат во училиште, а не и на тие кои следат настава од дома.

Сличен проблем има и пејачката Ребека. Таа вчера на социјалните мрежи, реагираше дека е многу тешко да се има дете со посебни потреби, со кое треба да се учи од дома, без помош на персонални и образовни асистенти.

„Си голтам кнедли подолго време како и повеќето од вас. Оваа никако не можам да ја голтнам. Да, знам, тешко е во овие услови да се гледаат,чуваат деца и да се работи.

Гледам на вести родители се бунат и негодуваат како ќе работат ако децата им се дома. Тешко е да се оди на работа со мало дете, а нема кој да го чува и се согласувам треба да се најде решение за тие семејства.

Таа вест неколку дена оди на телевизија. Па добро луѓе, дали сте свесни дека стотици семејства каде што има дете со попреченост го живеат животот децении како овие 6 месеци вие, а згора на тоа имаат секојдневни искушенија и не ретко борба за живот во буквална смисла.

Децата со попреченост растат физички и најголемиот дел од нив не можат никогаш сами да се грижат за себе и да бидат самостални. Асистент не се наоѓа зашто хонорарите им се многу мали, 9 000 ден.

Луѓето не добија вработување. Си одат и секоја година нов. Не ви раскажувам како изгледа барањето на нов и низ што се поминува семејството , посебно детето при разделбата и навикнувањето на новиот асистент.

Денес дознав дека општината преку проектот на УНДП ќе покрие хонорари само за образовните асистенти, а за личните ништо. Вистина ли е?!

Објаснете им ве молам на оние луѓе во семејства со хронично болно, ретки болести, попречености, како понатаму да функционираат? Објаснете, како семејатво како моето,со три деца ќе си ги образува децата!? Дали некој конечно ќе направи протоколи за нив!? Дали некој ќе каже јасно и гласно што ќе помогне државата на оваа најранлива категорија на луѓе!? МТСП и МОН под итно да,се изјаанат. Мора да најдете решение за сите!“, стои во реакцијата на Ребека.

The post Државата ги заборави: За децата со посебни потреби училишната година нема да почне appeared first on Слободен печат.


Државата ги заборави: За децата со посебни потреби училишната година нема да почне was first posted on септември 11, 2020 at 2:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....