4.8 C
Скопје
16:42 - 24 ноември, 2024

Доста драма, дајте малку мелодрама!

Како што стојат работите, целиот напор на опозицијата е да не дојде до избори, секако не наскоро, тешко и за септември, а можеби ни зимава. Криза им треба, по секоја цена.

Големи пропагандни напори се прават за ширење паника во врска со продолжените ризици од епидемијата, но ниту домашните, ниту меѓународните, особено регионалните и европските трендови не им одат од полза. Епидемијата постои, некаде (како ова во Врање, на пример) се распалува по некој вирусен „џеб“, но владите во најголемиот број земји ги укинуваат или постепено ги намалуваат ограничувањата наметнати од здравствената криза. Сите најавуваат дека од јуни животот се враќа во каква-таква нормала, со продолжено почитување на анти-пандемиските мерки: дистанца, дезинфекција, маски, намалени патувања, продолжени забрани за големи спортски, културно-забавни и други собири.

Државите решаваат „да застанат на нозе“, не само заради тоа што на луѓето им треба општествен и економски живот покрај пандемијата, туку и заради подобра подготовка за можниот нов, есенски бран на обновување на трендовите на вирусната инфекција. И Харвард вчера потврди дека, до есен, топлото време ќе го намали ширењето вирусот. Во моментов, пак, во Македонија бројот на активните случаи е 0,02% од населението, во болниците се лечат само неколку десетици пациенти.

Отприлика четири петтини од јавноста во Македонија е на ставот дека власта добро се справи со големиот здравствен предизвик. Министерот за здравство Филипче споделува висок рејтинг во јавноста, незабележан за кој било македонски политичар до сега. Тој вели дека не е до него, туку до целиот тим што ја третира епидемијава и до сите здравствени работници кои се борат со неа. Тие рејтинзи се „заразни“, па подигнато е општото ниво за доверба кон институциите. Следствено, од фелата која се занимава со истражување на јавното мислење ми велат дека на сите понудени прашања за тоа дали власта или опозицијата подобро би ги решавала проблемите во десетина наведени области, во сите случаи јавната поддршка за власта е значително статистички поголема.

Не е тешко да се разбере зошто опозицијата не сака избори, ни брзи ни небрзи. Таму се вклучени сите можни предизборни „аларми“, а стратегијата којашто лесно се наѕира е следна: за да имаат штогоде шанса за изборите, мора да се дискредитира Филипче! Да цитирам: од „принц“, да се претвори во „џелат“. Од минатата недела, во партиските соопштенија името на Филипче упадливо се „лепи“ до името на Заев, бидејќи тој им е далеку полесна „подвижна мета“, за тоа да е „мостот“ по кој изборно ќе се пренесе јавноста „жедна преку вода“.

За Заев(и), како што е познато, се подготвуваат предизборни дискредитации, но ако на тоа не се „залепи“ и министерот за здравство – „ништо од бизнисот“! На пример, наредени се како гладни џукели пред месарница околу симптоматичната оставка на Ден Дончев, ама случајот им е сè уште премал за да биде скандал што би го „гризнал“ и Филипче… Претпазливи се, бидејќи не сакаат предизборна реприза на изборниот ќор-фишек со „Рекет“.

Всушност, тоа е веројатно и најголемиот проблем за политичката непривлечност на сегашната „понуда“ на опозиција: апсолутно сите ставови им се темелат врз аферашки пристап, се блујат неодмерени критики по целата линија на „фронтот“ и се надеваат дека само со некаков „крунски скандал“ повторно ќе се вратат на власт!

Тој пристап, евидентно, не им ги дава очекуваните резултати. Напротив, најголем дел од јавноста е уморен од постојаното живеење на опозицијата во „живиот песок“ на озборувања, клеветења, дискредитации, конспирации и континуирани рекла-казала-снимала обвинувања… Дури и во „Го продадовте името!“ има повеќе политика, отколку во сегашната стратегија на опозицијата.

А јавноста, емотивно исцрпена, бара нормализација, особено по големиот стрес од неколкуте тешки месеци на корона-живеачкава. „Доста драма, дајте малку мелодрама!“, ечи од предизборните истражувања на јавното мнение.

The post Доста драма, дајте малку мелодрама! appeared first on Слободен печат.


Доста драма, дајте малку мелодрама! was first posted on мај 18, 2020 at 8:30 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....