2.8 C
Скопје
09:31 - 23 ноември, 2024

Донатори на зелена трева од јавен интерес на приватен посед

Совесни граѓани решиле со донација да помогнат да се засади трева на просторот пред ГТЦ кој е во приватна сопственост  и каде Град Скопје нема ингеренции да уредува, за да не остане „дупка“ после реконструкцијата на плочникот. Да личи!

И не само што биле совесни, туку сакале да останат и анонимни, па градоначалникот Шилегов не сакаше да обелодени ништо повеќе околу тоа. Но строго забрани на некој друг граѓанин да му проработи совеста, па да му текне тука да стави клупа или да направи патека или, што знам, дрво некое да засади врз тревата за да има и сенки на ливадата. Дури ни сопственикот не смее да си го огради имотот. Нека проба, па ќе види што ќе го снајде. Тоа е јавен простор и Шилегов нема да го дозволи тоа!

Овој јавен простор каде што е засадена тревата од анонимните доброчинители, престанал да биде јавен и станал приватна сопственост во 2012 година. Колку и да е тоа неверојатно и надвор од здравиот ум, некои од тогашната владејачка гарнитура тогаш дигнале два прста и се согласиле со продажбата. На истиот начин е продаден јавен простор каде моментално се наоѓа зеленило и маалски паркчиња и на други локации низ градот. Па во ДУП-овите се вцртувале згради на тие места и така натаму.

И после се чудиме кога ќе започне да се гради некоја зграда на зелена површина, па се протестира, па се плука по социјалните мрежи. Притоа се заборава дека  некој им го дал тоа право на тие инвеститори. Некој кренал рака за согласност, некој потпишал. И никому ништо! За тие што го дозволиле ова што сега се случува и кое му задава главоболки на Шилегов, никој не е казнет.

Скопскиот градоначалник рече дека води борба овој простор повторно да се врати каде што припаѓа. Ги повика и граѓаните во одбрана и побара надлежните институции да ја поништат продажбата. Всушност, сите скопски општини треба да го направат тоа. Време е да се „прочешлаат“ сите продажби на државно земјиште кое што е од јавен интерес кои се направени во изминатиот период, да се поништи што може и да се побара одговорност од сите што биле вклучени во тие зделки. Едноставно, не може дел од плоштад да биде приватен посед, ниту да се продаде маалски парк во Карпош, на пример. Недозволиво е!

Тазе уредениот плочник пред ГТЦ, со сета урбана опрема, особено новиот дрворед, изгледаат навистина убаво. Но, што правиме со незавршените објекти од другата страна на плоштадот и со зградата на ЕВН, која остана со скелиња и партали? Со оние што почнаа да се градат во барокниот период на нашето живеење, пред десетина години. Има некој идеја? Ќе се уриваат или ќе се довршат некако?  Или се оставени на чекање?

Оти, вака како што е, џабе е и нов плочник и уредување, џабе е сѐ!

The post Донатори на зелена трева од јавен интерес на приватен посед appeared first on Слободен печат.


Донатори на зелена трева од јавен интерес на приватен посед was first posted on мај 14, 2020 at 11:06 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....