3.8 C
Скопје
03:09 - 17 ноември, 2024

До крајот на август институциите потрошиле 39,52 проценти од своите буџети

Со завршувањето на изборите, се раздвижија и трошењата на државните институции. Според податоците на Министерството за финансии, заклучно со 31 август годинава, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува 39,52 проценти, или од предвидените над 318 милиони евра, министерствата и агенциите потрошиле околу 125,9 милиони евра. И натаму има институции што не потрошиле ниту денар.

Тоа не се големи суми, бидејќи нивните буџети се движат од 500 до неколку десетици илјади евра, но реализацијата на капиталните инвестиции  е хронична болка на домашните институции, кои или не знаат како или немаат на што да ги потрошат доделените средства. Традиционално, првата половина од годината е слаба, а трошењата се раздвижуваат до крајот на фискалната година. Но, оваа 2020-та, корона-кризата и изборите максимално ги запреа инвестициите. Според експертите, ваквиот тренд на нереализирање на планираните капитални инвестиции од Буџетот, укажува на нереални планови и неусогласени приоритети.

Според податоците на ресорното министерство, своите пари, прва и речиси во целост (98,42 проценти), ги потрошиле Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос. Станува збор за износ од само 560 евра, од предвидените 569 евра. На второ место по искористеност е Државниот инспекторат за техничка инспекција со 94,25 проценти и тие од нивните 24.000 евра, потрошиле 22.000 евра. Добар реализатор е и Управата за матични книги со искористеност од 94,4 проценти, но и Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на РСМ, која од доделениот буџет од 167.000 евра потрошила 134.000 или нешто над 82,52 проценти. Бирото за судски вештачења, Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Државниот просветен инспекторат, како и Комисиите за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер и за односи со верските заедници и религиозни групи до крајот на август имале 0 реализација на капитални инвестиции.

Иако со забележителен буџет од над 122 илјади евра, во друштвото на „штедливите“ е и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството – Битола, со 0,11 проценти потрошени  државни пари. Тука е и ПИОМ, кој до 31 август, успеал да потроши само 0,12 проценти од својот буџет. Во ова друштво се и Агенцијата за национална безбедност со 0,77 проценти, Секретаријатот за европски прашања со 0,08 проценти, Собранието на РСМ со 0,59 проценти, Државниот завод за заштита на индустриската сопственост со 0,36 проценти, итн. Кабинетот на Претседателот на РСМ, до крајот на осмиот месец, не мрднал од скромно потрошените 1.780 евра од буџетски предвидените 58.536 евра, односно само 3,04 проценти.

– Капиталните расходи или капитални инвестиции, се расходите на буџетските корисници наменети за патишта, училишта, болници, водоводи, студентски домови, спортски објекти, апарати за здравството, опрема хардвер, софтвер итн. Нивната реализација е важна бидејќи креираат подобри услуги за граѓаните и придонесуваат за развој на економијата – објаснуваат од Министерството за финансии.

Новата алатка за транспарентност, која покажува колку од капиталните расходи предвидени со Буџетот секоја институција има реализирано досега – како процент од планираното и апсолутен износ, како и колку треба да се реализира до крајот на годината, беше објавена на крајот на октомври 2019 година.

The post До крајот на август институциите потрошиле 39,52 проценти од своите буџети appeared first on Слободен печат.


До крајот на август институциите потрошиле 39,52 проценти од своите буџети was first posted on септември 11, 2020 at 9:02 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....