-2.2 C
Скопје
08:41 - 23 декември, 2024

Девојка од Тетово е 24-годишниот пациент починат од Ковид-19: Попуштило срцето и добила тромбоемболија

На Инфективната клиника во Скопје почина најмладата пациентка од Ковид 19 на само 24 години. Таа немала хронични болести а на клиниката била хоспитализирана пред 14 дена.

Пред тоа била на лекување во тетовската болница по еднонеделно домашно лекување. Матичниот лекар и дал терапија по првите симптоми, потоа отишла во болница во Тетово. Ситуацијата и се влошила, отежнато дишела, по што дошла на скопска Инфективна. Таму најнапред состојбата и се подобрила, но последните денови пред смртта се појавиле срцеви проблми и ја лекувале инфектолози и кардиолози.

Девојката имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Кога дошла на клиниката имала ниска сатурација и отежнато дишење. На респиратор не била ставена.

Директорката на Инфективната клиника доктор Милена Стевановиќ за Слободен печат вели дека ситуацијата нагло се влошила кај пациентката.

-Тажна ситуација, за која немаме официјален податок за хронични болести иако е многу чудно за таков млад човек да развире тешка клиничка слика како најтешките пациенти.  Една недела била болна пред да дојде кај нас, четири пет дена се лекувала кај матичен лекар со инфузии. Но, состојбата и се влошила и се пријавила во тетовската болница каде и е направен тест и дијагностицирана е со Ковид 19. Поради тежината на клиничката слика дојде кај нас, во исклучително тешка состојба. Имавме благо подобрување во лекувањето, но брзо потоа попушти срцето и се појави пулмонална тромбоемболија. Ја лекуваше и кардиологот кој е кај нас, но не успеа да се избори. Зошто оваа млада жена разви така тешка слика немам одговор ни човечки ни лекарски. Ова подоцна би го испитувале подетално со согласност од семејството. Немаше покачена телесна тежина – ни рече доктор Стевановиќ.

Во последното деноноќие од Ковид-19 почина 24-годишно лице

The post Девојка од Тетово е 24-годишниот пациент починат од Ковид-19: Попуштило срцето и добила тромбоемболија appeared first on Слободен печат.


Девојка од Тетово е 24-годишниот пациент починат од Ковид-19: Попуштило срцето и добила тромбоемболија was first posted on јули 11, 2020 at 6:48 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....