2.8 C
Скопје
11:58 - 19 декември, 2024

Децата ги заборавија традиционалните игри, бидејќи пандемијата ги затвори дома

Во овие дигитализирани времиња во кои децата уште најрана возраст наместо со играчки си играат на мобилни и компјутери и не знаат што е детска игра во двор, тим на наставници од неколку земји во рамките на Еразмус плус, пред два месеца во училиштето во село Лозово ги промовираа и вратија меѓу децата многу старите традиционални детски игра во школските дворови, а ги направија среќни и дружељубиви.

Во рамките на Еразмус плус програмата, по првата Мобилност одржана во јануари годинава во Италија, потоа во ООУ „Методија Митевски-Брицо” во Лозово на втора Мобилност под слоганот „Играј и учи за младоста” од 25 февруари до 1 март се сретнаа и другаруваа децата од ова училиште со свои врсници од Португалија, Грција и Бугарија. За жал децата од Италија од Сардинија во овој термин беа спречени да допатуваат поради состојбата со коронавурусот во оваа земја.

За кратко време по оваа успешна средба кoронавирусот се прошири и во нашата и соседните земји, па од 11 март и во земјава се затворија училиштата и замреа учлишните дворови.

Желбата на сите родители и наставници е повторно децата и ученици  среќни повторно да трчаат низ школските дворови и маалски улици и повторно ги играат овие стари детски игри.

Оваа сторија говори за малите-големи детски радости за штотуку научените стари детски игри од училишните дворови кои ги играле нивните мајки и татковци, баби и дедовци:„Ала бала баба дала”, „челик”,„народна”, „крепи”, и многу други.

Сите вклучени во проектот и ученици и нивни наставници од различните земји, се согласија дека игрите им се исти или слични, а само називот им е нешто поразличен. Но најважно е што децата на крајот од секоја игра сакаат повторно и пак да ја играат и уште и пак да трчаат по дворот се додека образите не им се заруменат и не се испотат на првите потопли сончеви зраци.

Преку Еразмус плус, децата учеа и ги запознаваа подзаборавените традиционални детски игри и се враќаа на традиционалните вредности

Еразмус плус им овозможува на децата од повеќе земји со меѓусебно дружење да ги запознаат подзаборавените детски игри, но и ги учи на традиционалните вредности, потенцира професорката Мариа Агостина Гомес координатор на децата од Португалија, од областа Валадарес-од Вила Нова де Гаиа во Северниот дел на Португалија.

-За жал традиционалните игри како во Португалија така и во останатите партнерски земји со кои соработуваме се малку подзаборавени.Затоа ова заедничко дружење преку програмата Еразмус плус е можност ние сите заедно, наставници и ученици да дадеме се’ од себе за да направиме промоција на тие игри и за момент да се почувствуваме вратени во традиционалните вредности, потенцира Гомес.

Таа појаснува дека од овој проект е многу важно што учениците ќе ги научат традиционалните вредности и да научат да го прифатат другиот иако е различен, а сите се различни, бидејќи доаѓаат од различни земји, но сепак имаат многу заедничко.

-Важно е децата да научат да ги респектираат правилата на игра што подоцна ќе се респектираат во правила на животот, едноставно да бидат потолерантни и да научат да бидат респективни во смисла на соработката со постарите генерации, појаснува Гомес.

Заприна Глушкова е професорка, координатор на децата од училиште во Хаџидимово од Бугарија вклучени во проектот.

Таа потсети дека освен спортски игри децата во нивното училиште играат и криенка, „народна топка” .

-Тие се игри што и кај нас и кај вас и во останатите земји се играат во поголем дел од нив, но имаат само различни имиња, појасни Глушкова.

Таа вели дека и тие наставниците преку овие детски игри се враќаат во своето детство. Потенцира дека за секој возрасен е многу важно никогаш во срцето да не престане да биде дете, а токму овие детски игри прават секој да биде среќен.

На прашањето кога децата од другите земји ќе дојдат во Португалија, на кои традиционални игри ќе ги научат, Гомес посочува дека ќе ги научат на игра што е нивна традиционална, а за која сега не им откриваат.

Преку игрите се промовира интергенерациската соработка

Децата научија дека како што постојат правила во играта постојат и правила во животот, научија дека она што ќе се обидат да го научат од постарите е многу трајно. Тоа се тие трајни вредности потенцира проф. по француски јазик Светлана Стојкова од ООУ „Методија Митевски Брицо” од Лозово коодинатор на проектот .

-За тие вредности, за тие правила на респект во животот само повозрасните можат најубаво да им ги објаснат. Сето тоа бидејќи во самите цели на нашиот проект стои „Промоција на интергенерациска соработка”, нешто што им недостасува на денешните деца, потенцира Стојкова.

Таа појаснува дека токму овој момент е многу важен за нивниот проект и тоа го направија со нивната гостинка познатата пчеларка од „Медена земја” „Атиџе Муратовска” и нејзинат внука Едина да си кажат какви игри играле тие порано и како да ги научат денес тие игри, а сето тоа збогатено и со мултиетничкиот момент. Тоа е тој момент што ќе послужи за зајакнување на импактот-влијанието на сите ученици од партнерските земји и на нашата, а што ќе го има приматот на нивните активности, потенцира Стојкова.

-Сите детски игри во сите земји се слични или исти, како што се и правилата во животот и постарите да бидат респектирани, појаснува Стојкова.

Без никакви современи помагала со малку најобични реквизити или и без нив децата беа среќни.

Евангелиа Михаили проф. по англиски јазик, координатор на децата од Грција, која доаѓа од малото место Итеа Кардитсас, блиску градот Лариса, по сите изиграни заеднички детски игри во дворот во училиштето во Лозови појасни дека е многу среќна што со многу малку реквизите и без никакви современи надгледни средства децата играат игри што се типични традиционални за ова поднебје. Таа вели дека и нивните ученици ги научиле и веќе ги играат, а тоа ќе им помогне макар на малку да се оттргнат од наездата на социјалните мрежи, видео игрите, компјутерите, таблетите и телефоните.

-Гледам колку децата се смеат и се среќни и се дружат, а со што е постигната и нашата цел, потенцира професорката Евангелиа.

Децата беа пресреќни и ги засакаа игрите и сакаат уште и пак да си играат во дворот.

Леон Петров ученик од ООУ „Методија Митевски-Брицо” од Лозово ни рече дека е среќен што ги научил игрите кои ги играле неговите родители и на кои ги научил и своите – гости од Португалија, Бугарија и Грција и стекнал многу нови другари.

Васко Алвес од Португалија од Валадарес, Вила Нова де Гаиа, среќен ни рече дека ја научил играта „Ала бала Баба дала” и „челик” што се игра со едно големо и едно мало стапче.

-Многу ми беше убаво тука што ги научив овие игри и ги играв со моите нови другарчиња, многу ги засакав моите гостроплимливи домаќини со кои ми беше многу убаво да си играме. Кога утре ќе си заминуваме ќе ми биде многу тешко да им речам адиос. Но се надевам дека наскоро и повторно ќе се сретеме кога тие ќе дојдат кај нас во Португалија и пак ќе ги продолжиме нашите штотуку научени игри, посака Васко од Португалија.

Стефанос Папаефтимиу од Грција вели дека ова што му се случило тука за него е нешто ново.

-Ова е нешто ново за мене од она што ми се случува во моето родно место во Грција и од ден во ден тука игрите ми стануваат се’ поинтересни. Исто така и се’ повеќе се дружам и стекнувам нови пријателства и сега доаѓа моментот кога не сакам да си одам дома, потенцира Стефанос.

Тој рече дека кога ќе се врати дома во Грција со овие игри ќе ги научи и своите другари и ќе се обиде барем малку да ги оттргне од мобилните и таблетите.

Ангел Иванов и неговиот другар Ангел Пулев од Хаџидимово од Бугарија видно среќни трчајќи по училишниот двор додека ги играа игрите ни изјавија дека им е преубаво што научиле нови игри и стекнале нови пријателства и дека сакаат овие игри никогаш да не престанат.

Исто так,а и нивната другарка Димитриа Симеонова вели дека и била многу убаво што научила многу нови игри и стекнала многу нови пријатели.Таа ни потенцира дека многу и се допаднала играта „Челик” и дека кога ќе се врати ќе ги научи да ја играта и нејзините другарки во Бугарија.

Децата да се вратат на училиште и ги заживеат училишните дворови

Сите родители и наставници, сите ние посакуваме час и ден поскоро да заврши оваа опасна корона пандемија, а и децата да не ни се повеќе осамени и изолирани дома меѓу четири ѕида и само во игра и учење со компјутерите.

Наместо тоа училиштата пак да се отворат, а училишните дворови повторно да оживеат со весела детската смеа и џагор и со играње на старите – нови детски игри и другарувања и никогаш повеќе да не бидат прекинати и затворени.

The post Децата ги заборавија традиционалните игри, бидејќи пандемијата ги затвори дома appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....