2.8 C
Скопје
20:26 - 23 декември, 2024

Денеска Американците гласаат… Врзете ги појасите, полетуваме!

Парадоксот на американскиот изборен систем е во тоа што Бајден, најверојатно, ќе го „надгласа“ Трамп на ниво на целата федерација со многу милиони повеќе освоени американски гласови отколку трите милиони на Хилари Клинтон на минатите избори, но тоа сè уште не е гаранција дека Бајден ќе стане нов претседател на САД. Разликата од неколку десетици илјади гласови во изборно клучните 6-7 федерални држави (особено во Пенсилванија) во корист на Трамп можат да ја „поништат“ изборната волја на многу други милиони американски граѓани кои ќе му ја дадат изборната предност на Бајден.

Таков е американскиот федерален изборен модел. Прилично компликуван, па и бесмислен. Бидејќи, смислата на демократијата е да владее оној кој може да обезбеди легитимитет со најголем број освоени гласови (popular vote), а не оној кој ќе победи во неколку, релативно помали по население, „решавачки“ држави (electoral vote). И, да, долга и широка е расправата во Америка за менување на нивниот изборен систем, бидејќи има дузина примери во нивната обемна демократска историја кога претседатели станувале кандидати кои освојувале и по 3-4% помалку гласови од противкандидатите.

Сепак, доколку се потврдат сите најави во предизборните истражувања Бајден да однесе чиста победа над Трамп на национално ниво, а Трамп сепак да стане претседател, воопшто не би било изненадувачки таа, во суштина, уставна криза да се пресели на американските улици и да стане внатрешна, безбедносна криза. Не е исклучено и при обратната ситуација – Трамп мазно да си ги изгуби изборите – состојбите повторно да завршат на улица, бидејќи тој јасно и од поодамна става до знаење дека, ако изгуби, резултатите нема да ги признае и „без борба“ нема да си замине од власт.

А во длабоко поделената Америка сите се вооружени „до заби“. Баш може да биде гадно.

Ќе има во Македонија – а и во цел свет! – многумина кои оваа вест ќе ги израдува. Тажно е тоа, но не е дека не ги разбирам. Откако е светот и векот, „меѓународната политика“ никогаш не функционирала според принципот на праведност, туку според интересите на најсилните во регионален или во глобален контекст. Тоа не значи дека праведноста била „последното гајле“, ама многу често не била првото во решавањето на односите и кризите меѓу различните историски облици на организација на општествата. Во таа смисла, САД не се исклучок од ниту една друга глобална сила во историјата на човештвото.

Токму Трамп, за само четири години престој во Белата куќа, се обиде деликатниот баланс во меѓународното „статус кво“, мачно воспоставувано по Првата и Втората светска војна, да го редефинира. Барем на ниво на Белата куќа, САД се откажаа од водечката улога на „морален арбитар“, а и финансиер (поткрепена со својата робусна дипломатска, безбедносна, економска и културна моќ) на меѓународната сцена (America First!), со исклучок на секторите кои се од непосреден американски бизнис, безбедносен или „гласачки“ интерес на самиот Трамп.

Додуша, листата на тие исклучоци е толку долга, што целиот Трампов контроверзен претседателски „експеримент“ се претвори во четиригодишна серија од „трчимочај“ одлуки по разни географски и политички ширини и должини, понекогаш и во Борат-стил, како дипломатската бурлеска во десетина епизоди на личните односи помеѓу американскиот и северно-корејскиот лидер, Ким Џонг Ун.

Светот без претседателот Трамп ќе биде многу попристојно место за живеење. За сè друго може да се разговара.

А што се однесува до улогата на Трамп за Македонија – заборавете, тоа, за среќа, не зависело од интересот на Трамп. Да беше поинаку, да можеше да нè најде (без да му шепка Меланија!) на географската карта, на пример, којзнае како ќе поминевме, особено ако му фатеше за око некоја наша ледина за градење на игралиште за голф.

И без него ништо нема да ни фали, од сè што ни фали.

The post Денеска Американците гласаат… Врзете ги појасите, полетуваме! appeared first on Слободен печат.


Денеска Американците гласаат… Врзете ги појасите, полетуваме! was first posted on ноември 3, 2020 at 8:14 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....