4.8 C
Скопје
02:59 - 15 ноември, 2024

Даниловски: Ние не сме актуелно жариште на ковид-19, но од септември тоа може да се промени

Светската здравствена организација минатата недела апелираше дека  Балканот е ново жариште на ковид 19, за што проф.д-р Драган Даниловски вели дека само делумно би се согласил со таа оценка.

СЗО ГО ВКЛУЧИ АЛАРМОТ: Балканот прогласен за светско жариште, Македонија задоволна со „стабилноста“!?

Ако се погледнат бројките на сајтот https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries, посочува Даниловски, ќе се види дека бројот на дневни случаи во периодот од 1-23 август е во пораст само во Албанија, Грција, Хрватска и Словенија. Од друга страна, пак, во Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Босна и Херцеговина, тој број опаѓа. За подобро согледување на развојната тенденција, се користат т.н.подвижни седумдневни просеци на новите случаи. Опаѓање на овие просеци се регистрира во Србија, од 374 на 139; Босна и Херцеговина, од 301 на 273; Црна Гора, од 65 на 44; Македонија, од 137 на 122 и во Бугарија, од 218 на 131. Покачување се регистрира во Хрватска, од 61 на 229; Грција, од 60 на 227; Албанија, од 109 на 150 и во Словенија, од 15 на 34.

Во истиот период, и во некои европски земји се регистрира пораст на подвижните седумдневни просеци на нови случаи Франција, од 911 на 3.481; Италија, од 278 на 776; Германија, од 678 на 1.356; Полска, од 532 на 725; Австрија, од 125 на 269.

– Причините за порастот на бројот на нови случаи треба да се бараат во зголемената раздвиженост на луѓето во текот на летните месеци, како и во непочитувањето на мерките од страна на голем број граѓани. Сведоци сме на полни плажи, кафулиња, концерти, без било какво почитување на протоколите и мерките за лична заштита. Факт е, меѓутоа, дека кај нас, наспроти сите дружби без почитување на мерките, епидемиолошката ситуација полека се подобрува. Не е показател за тоа само бројот на новозаразени – објаснува проф.д-р Даниловски.

Многу порелиабилен показател за нас епидемиолозите е бројот на хоспитализираните пациенти, кој од 26 јули до (23 август) постојано се намалува (од 428 на 319).

– Ова значи дека не постои опасност од преоптоварување на болничките капацитети. Тоа е, впрочем, и основната цел на стратегијата на секоја земја при справување со епидемија (при отсуство на специфична терапија и вакцина) – објаснува нашиот соговорник.

Втор релиабилен епидемиолошки индикатор е бројот на смртните случаи, кој кај нас бележи постојан тренд на опаѓање (10 на 20 јули, 1 на 23 август).

Тој смета дека од епидемиолошки аспект, во услови на непостоење на мерки, имаме стабилна ситуација.

– Ако епидемијата би се одвивала во истите услови како досега, не се потребни дополнителни мерки, освен инсистирање на почитувањето на личните мерки за заштита и на протоколите од страна на угостителските, трговските и други објекти. Меѓутоа, мислам дека оваа поволна епидемиолошка ситуација може да се очекува да трае најдоцна до половината на септември. Зошто? Затоа што со почнување на учебната година за нижите одделенија, колку и да се почитуваат стриктно протоколите, од епидемиолошка гледна точка, ризиците за пренесување на вирусот ќе се зголемат во извесна мера – вели проф.д-р Даниловски.

Епидемиолошките ризици дополнително ќе се зголемат веќе кон крајот на септември или најдоцна средината на октомври, кога ќе настапат постудени денови. Кога сите дружби ќе се префрлат во затворен простор. Тогаш на ковид 19 ќе му се придружат сезонскиот грип и обичните настинки. А сите почнуваат со практично исти, респираторни симптоми.

– Ако тогаш почне да се бележи нагол пораст на бројот на случаи (експоненцијален раст), надлежните се должни тоа да го спречат тој тренд со сите средства кои им се на располагање – порачува проф. д-р Даниловски.

Се виде дека не е можно со укажувања и едукација да се смени менталната матрица на голем дел од граѓаните.

– Сакаат да живеат во заедница, а без притоа воопшто да им е грижа за колективниот интерес, при што си се раководат исклучиво од свои егоистични, па и хедонистички позиции. Не може да се дозволи огромното мнозинство граѓани, кои ги почитуваат мерките, да бидат заложници на тие  другите. Државата има примарна обврска да се грижи за колективниот интерес. Во случајов со пандемијата, тоа е заштитата на јавното здравје. Значи, институциите мора да се погрижат поединците и/или групите, кои го загрозуваат јавното здравје, да не го прават тоа. За тоа на располагање на државата ѝ стојат и механизми на принуда кои мора неселективно да се употребуваат во иднина. Не само за да не се преоптоварат болничките капацитети, туку и заради фактот што здравствениот кадар веќе сега е на граница на издржливост – порачува проф. д-р Даниловски.

The post Даниловски: Ние не сме актуелно жариште на ковид-19, но од септември тоа може да се промени appeared first on Слободен печат.


Даниловски: Ние не сме актуелно жариште на ковид-19, но од септември тоа може да се промени was first posted on август 25, 2020 at 8:57 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....