05:10 - 14 јули, 2026

ДАЛИ Е МОЖНО: Американски истражувачи тврдат дека пронашле антивирусен лек кој за 24 часа го спречува ширењето на ковид-19!

Истражувачите од Државниот универзитет во Џорџија тврдат дека откриле антивирусен лек кој се зема орално и во рок од 24 часа спречува луѓето кои се заразени да го шират коронавирусот на здрави луѓе.

Станува збор за лекот МК-4482 / ЕИДД-2801, познат како Молнупиравир, кој целосно го запира евентуалното пренесување на Ковид-19 на други луѓе за еден ден.

На чело на тимот беше д-р Ричард Племпер, кој исто така откри дека лекот е добар во борбата против сезонските вируси.

– Ова е прва демонстрација на лек кој исклучително брзо го блокира пренесувањето на САРС-КОВ-2. Ова може да биде пресвртна точка, рече Племпер.

Како што пренесуваат странските агенции, запирањето на ширењето на вирусот, додека не се случи масовна вакцинација на планетата, би ги спречило катастрофалните последици што веќе ги остави пандемијата.

– Забележавме дека лекот МК-4482 / ЕИДД-2801 носи целосен опсег на активности против респираторни РНК вируси и дека третира заразени животни давајќи им го лекот орално, така што драматично ја намалува трансмисијата, истакна Племпер.

Слични објави

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

(Фото) Познато е кој ќе ја наследи Ана Винтур во „Вог“: Таа е ќерка на холивудски ѕвезди

Еспресо
Се вчитува....