1.8 C
Скопје
01:48 - 24 декември, 2024

Да се биде „свиркач“ во интерес на државата или пак, не. Дилема која зависи од законските регулативи

Дилема да се биде „свиркач“ во борбата против корупцијата за да се заштитат државните интереси деновиве е повторно актуелна тема. Се намалуваат казните за оние кои ќе го откријат укажувачот.

Со новиот предлог законот за изменување на Законот за заштита на укажувачи кој е во собраниска процедура, досегашните казни кои беа во висина од 3000 до 6000 евра за сторен прекршок на овластеното лице за прием на пријави од укажувачи, се намалуваaт во распон од 100 до 500 евра.

Исто така се намалуваат казните и за правно лице, па така наместо од 2000 до 4000 евра како до сега, со новите измени глобата ќе биде од 250 до 500 евра. Најголема казнена мерка е предвидена за откривање на идентитетот на укажувачот од 5000 до 10 000 евра, додека за прекршување на должноста за доставување на полугодишни извештаи за примени пријави од укажувачи, се предлага износ од 1000 до 4000 евра.

Според извештаите на Транспаренски Интернешнл како држава сепак немаме создадено доволно услови за да заживее овој Закон. Првиот човек на граѓанската организација Слаѓана Тасева вели дека немаше потреба одизмени бидејќи Законот за укажувачи иако е донесен пред три години, тој не е применет.

– Ние не го применивме Законот за да видиме дали нешто треба да се менува во него. Прво требаше да се настојува сите институции да воспостават систем на пријавување од страна на укажвуачи и потоа да се види како тој систем функционира и дали има потреба од некаква интервениција во законот. Вака уште повеќе само се дерогира неговото значење и потребата од приемна, вели Тасева за Слободен печат.

Според неа, постоечкиот закон предвидува систем за пријавување внатре во институцијата, но доколку луѓето се плашат, можат да пријават и во МВР, Народниот правобранител, Јавното обвинителство и Државната антикорупциска комсија.

Тој систем функционира само во Државната комисија за спречување на корупција. Имаме уште три инстиутции кои тоа треба да овозможат заштитено пријавување на укажуивачи, а уште 1000 инстуциите во кои не е овозможено да се примаат пријави од укажувачи. Ние сме се заложиле и сме прифатиле да го донесеме овој закон кој е спроед меѓународните конвенции. Не да се интервенира само во санкциите. Со намалени казни се овозможува и понатаму да не функционира системот бидејќи полесно ќе биде да се платат казните отколку да се расчиси состојбата, или да се сносат последиците ако станува збор за незаконити дејсатвија, вели Тасева.

Власта и позицијата и овојпат се на спротивни страни. Според ВМРО-ДПМНЕ со ниските казни се демотивираат граѓаните кои решиле да бидат „свиркачи“ и дека Законот кој според нив е клучен во борбата против криминалот и корупцијата ќе го нема саканиот ефект. А според СДСМ со малите казни законот ќе заживее бидејќи досега биле изнаоѓани начини како тој да биде заобиколен. Според нив со овие измени на предлог законот се врши усогласување согласно генералниот закон за прекршоци.

Првиот човек на Собранието Талат Џафери е еден од потписниците на законот. Тој смета дека измените се добри бидејќи во минатото за да има мир во куќата Законот бил повлечен.

И додека кај нас дома на укажувачите или „свиркачите“ се гледа како на „кодоши“, во демократскиот свет овие лица се сметаат за лица со висок морален интегритет и затоа се заштитени преку разни закони.

За најпознат „свиркач“ во светски рамки, сеуште важи информатичарот Едвард Сноуден, кој како вработен во американската Агенција за национална безбедност, (ЦИА) во јавноста обзнани илјадници тајни документи на разузнувачката агенција.

Во Македонија најпознати укажувачи се Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски. Тие го документираа масовното прислушување во УБК, кое беше обелоденето преку т.н. бомби.

The post Да се биде „свиркач“ во интерес на државата или пак, не. Дилема која зависи од законските регулативи appeared first on Слободен печат.


Да се биде „свиркач“ во интерес на државата или пак, не. Дилема која зависи од законските регулативи was first posted on октомври 15, 2020 at 10:44 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....