1.8 C
Скопје
16:25 - 23 декември, 2024

Д-р Митов: Ова нема да помине брзо и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период (ВИДЕО)

Нашиот систем е дизајниран да бидат потребни два негативни брисови. Ако се сеќавате во Србија пред некој ден оздравеa 4.000 лица. Затоа јас и често пати предупредувам да пазиме кога се компарираме со околните земји, бидејќи не верувам сосема во искреноста на околните системи за следење на КОВИД-19, изјави Митов.

Здравствените институции веќе три месеци се под голем притисок, моменталната состојба е неодржлива.

-Здравствениот систем претставува еден ланец, а некои негови алки во моментов се под огромен притисок. Градската болница 8 Септември, Клиниката за инфективни болести, Итната медицинска помош во Скопје, Институтот за јавно здравје во Скопје и Центарот за јавно здравје во Скопје. Овие институции се под драматичен притисок во континуитет повеќе од три месеци. Остатокот од здравствениот систем донекаде е поштеден. Едно е да се биде во состојба на готовност, но тоа што се случува во наброените претставува огромен притисок.

Мора да сфатиме дека моменталната состојба е неодржлива. Како да влеговме во еден грч – ајде да ја издржиме ситуацијата, ќе заврши и ќе се вратиме на старо. Ако некој така планираше веднаш треба да ја заборавиме. Мора да почнеме моменталната состојба да ја направиме одржлива. Ова нема да помине брзо, ќе се пролонгира и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Д-р Александар Митов.

 

The post Д-р Митов: Ова нема да помине брзо и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Д-р Митов: Ова нема да помине брзо и треба да се адаптираме на еден полу или годишен период (ВИДЕО) was first posted on јуни 17, 2020 at 9:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....