19.3 C
Скопје
07:18 - 9 јули, 2026

Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио

Уште еден медиумски работник почина како последица на компликации од коронавирусот во нашата земја. 

Станува збор за Ристо Меловски, позnат како диџеј Ицко, кој долги години работеше во „Антена 5“ радио.

Диџеј Ицко / Фото: Фејсбук

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Меловски ќе остане запаметен како еден од луѓето кој со својот талент допринесе за развој на македонската електронска сцена.

The post Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио appeared first on Слободен печат.


Од коронавирусот почина диџеј Ицко од „Антена 5“ радио was first posted on јуни 17, 2020 at 10:29 am.

Слични објави

Дали ова ќе биде сон што ќе згасне? Марко Пејчиновски објави дека можеби ќе престане да плива

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо
Се вчитува....