05:42 - 22 декември, 2024

Д-р Кунгуловски со апел: Зошто е потребен масовен скрининг на популацијата за новиот коронавирус

Д-р Горан Кунгуловски кој е еден од основачите на Наука за сите и сега професионално работи и истражува во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина, како дел од ПЗУ „Жан Митрев“, на неговиот Фејсбук објави апел зошто е потребен масовен скрининг на популацијата за новиот коронавирус.

„АПЕЛ: ЗОШТО Е ПОТРЕБЕН МАСОВЕН СКРИНИНГ НА ПОПУЛАЦИЈАТА ЗА НОВИОТ КОРОНАВИРУС

ШТО ЌЕ БИДЕ ПОТЕНЦИЈАЛНИОТ БЕНЕФИТ

1. Ќе ни го каже приближно вистинскиот број на заразени. Сега не го знаеме. Масовниот скрининг во Јужна Кореја (сега почнува и во САД) покажа дека најголем број од носителите на вирусот се младите (20-29 год) коишто немаат никакви или имаат благи симптоми. Најранлива група се старите со хроницитет. МОЖЕБИ ВАКА ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЈ ИМА ВИРУС, КОЈ НЕ. Ако откриеме еден човек што на друг начин не би го откриле и спасиме неколку животи, вреди тие неколку милиони евра.

2. Ќе се одредат локални жаришта на болеста и на државно и на градско и на маалско ниво. Ваквите кластери не само што ќе овозможат студирање на болеста и нејзиното распространување, туку ќе може да се направат и математички модели коишто ќе претпостават што ќе се случи следно. Колку повеќе информации, толку подобар модел. МОЖЕБИ ЌЕ НИ ПОМОГНАТ ДА БИДЕМЕ ВО ЧЕКОР СО БОЛЕСТА.

3. Знаејќи ги кластерите на заразени и нивната демографска дистрибуција, ќе се овозможи подобра распределба на ресурси. На пример ако има 100 заразени во Битола и 10 заразени во Тетово, не може во двете да има еднаков број на респиратори, туку ќе бидат поскладно распределени. Војската ќе прска и дезинфицира соодветно. Истата логика за се, во зависност од големината на жариштето. МОЖЕБИ ПАМЕТНО ЌЕ СЕ КОРИСТАТ РЕСУРСИТЕ.

4. Бидејќи луѓето се социјални битија, ќе има недоговорно однесување и недоволна социјална дистанца и изолација. Од морето на неодговорните ќе се знае колку се заразени, колку не. НА ЗАРАЗЕНИТЕ НЕОДГОВОРНИ ќе им даде мотив (морален и правен) да се изолираат.

5. Психолошки луѓето ќе се осеќаат како да имаат контрола врз ситуацијата, а истовремено ќе бидат послушни и ќе ги следат правилата на социјално дистанцирање и изолација.

ШТО Е НЕГАТИВНАТА СТРАНА НА МАСОВЕН СКРИНИНГ

1. Можно е да е предоцна и нема силен удел како во горенаведенито. Значи ќе се изгубат неколку милиони евра на тестови и градење на пунктови за земање на брисеви. МАЛ РИЗИК, ГОЛЕМА ПОТЕНЦИЈАЛНА ДОБИВКА. Македонскиот народ ќе знае дека сме дале се од себе.

ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Македонија има инфраструктура и опрема да направи масовен скрининг на 30 000 луѓе месечно. Потрошувачката ќе биде отприлика 25 ЕУР по тест. Владата може да ги достави тестовите до сите институции со тие капацитети и тие да бидат бесплатни за граѓаните. Досега Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë многу одговорно и дисциплинирано си ја вршеше работата (и во споредба со многу понапредни земји). Не би сакал се тоа да падне во вода поради ваква ситна инвестиција и превид. Неколку змеји како Јужна Кореја, Бахреин, па сега почнува и САД храбро влегоа со масовен скрининг, бегајќи од епидемиолошкиот конзерватизам и се осврнаа на технологијата. Треба и ние да бидеме храбри и неконвенционални.

И секако без разлика дали ќе има масовен скрининг или не, луѓето треба да ги следат препораките на СОЦИЈАЛНО ДИСТАНЦИРАЊЕ, ИЗОЛАЦИЈА, МИЕЊЕ НА РАЦЕ И БИДУВАЊЕ НА МАЈМУНИ (мајмуните земаат од продавници само она што им треба). ТЕСТИРАЊЕ, ОТКРИВАЊЕ, НАОЃАЊЕ НА КОНТАКТИ, ТЕСТИРАЊЕ (repeat)“, напиша на Фејсбук Д-р Кунгуловски.

The post Д-р Кунгуловски со апел: Зошто е потребен масовен скрининг на популацијата за новиот коронавирус appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....