2.8 C
Скопје
06:27 - 20 ноември, 2024

Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура

Дали наставата ќе се одвива со скратени часови или во некои од  училиштата ќе се оди етапа по етапа сето тоа ќе биде прилагодено на моменти. Битно е да се сфати дека ние ќе мора да живееме со вирусот, социјалниот момент кај децата и нивното школување ќе треба да биде поставен од авторитети. Секој момент на одложување  на започнување на училишната година во иднина ќе не чини поскапо, изјави д-р Ангелчо Андоновски, директор на детската болница Козле во „Ја сакам Македонија“.

Андоновски во врска со прашањето за која возраст маските во училиштата ќе бидат задолжителни, рече дека се уште се водат дискусии, и дека за најмалите најважно ќе биде одржувањето на дистанцата.

-Се уште сме во дискусии за тоа какво модел ќе се прифати во однос на носењето маски во училиште. Пред се потреба е една едукација почнувајќи од најмалите за нив најважно е да се одржува дистанцата. Првачињата во оваа ситуација ќе бидат изоставени, носењето маска за нив ќе биде додатна психолошка бариера. Додека кај децата над 10 годишна возраст маската ќе биде задолжителна, рече Андоновски.

Тој истакна дека ќе има список на задолжение по протокол во врска со начинот на кој на децата од шестгодишна вораст ќе им се објасни дека не треба да се групираат.

-Прво училиштата ќе мора да ги исполнуваат поставените услови за да започне школската година, треба да има задолжен човек на самиот влез кој ќе ја мери температурата, ќе треба да има и човек кој ќе биде задолжен за да ја следи ситуацијата и се да се спроведува според протоколите, изјави Андоновски.

Конечната одлука за тоа каков модел ќе се примени за старт на школската година ќе се знае по 10-ти август.

The post Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура appeared first on Слободен печат.


Д-р Андоновски: Маската задолжителна за деца над 10 години, треба да има задолжен човек на самиот влез во училиштата кој ќе мери температура was first posted on август 4, 2020 at 9:47 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....