12.8 C
Скопје
22:10 - 14 мај, 2024

„Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

На досега необјавените снимки од камерите кои се наоѓале на униформите на полицајците се гледаат нови детали од кобното апсење на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина на 25 мај.

Неговата смрт беше причината за огромните протести ширум САД и светот.

На видеозаписите кои Дејли мејл ги доби од камерите на двајцата поранешни полицајци кои учествувале во апсењето на Флојд може да се види како исплашениот Флојд се бори со службениците кога се наоѓале во задниот дел на автомобилот, пишува Си-Ен-Ен.

– Те молам немој да ме застрелаш, те молам, се слуша како вели видно исплашениот Флојд.

Тој вели дека е кластрофобичен, додека го буткале во полициското возило.

Лондонски Дејли Мејл не објави како ги добиле снимките од полициските камери. Судот одлучи дека тие се достапни во ограничена форма и одби да ги направи достапни за новинарските здруженија.

Адвокатот на фамилијата на Флојд соопшти дека на снимките кои излегле во јавност се гледа дека Флојд не претставувал никаква закана.

The post „Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


„Те молам немој да ме застрелаш“: Објавена нова снимка од апсењето на Џорџ Флојд (ВИДЕО) was first posted on август 4, 2020 at 9:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....