17.8 C
Скопје
01:43 - 19 јуни, 2026

Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди

Северна Кореја ја продолжува со својата програма за развој на нуклеарно оружје, а неколку држави веруваат дека „веројатно развиле минијатурни нуклеарни уреди што можат да се вметнат во боеви глави на балистички ракети”, се наведува во доверлив извештај на ОН.

Тие држави што не се споменети во извештајот, веруваат дека претходните шест севернокорејски нуклеарни тестови му помогнале на Пјонгјанг да развие минимални нуклеарни уреди.

Пјонгјанг не извршил нуклеарен тест од септември 2017 година.

Извештајот на независните експерти кои ги следат санкциите на САД, беше поднесен до Советот за безбедност на ОН.

„Демократската народна Република Кореја ја продолжува својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор за лесна вода. Една земја-членка проценува дека Пјонгјанг продолжува да произведува нуклеарно оружје”, се вели во извештајот.

The post Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди appeared first on Слободен печат.


Извештај на ОН: Северна Кореја развила минијатурни нуклеарни уреди was first posted on август 4, 2020 at 8:52 am.

Слични објави

Дневен хороскоп за 17 јуни: Размислете добро пред да донесете одлука

E.A.

Пеколен крај на мај во Европа: Паѓаат рекорди, температурите одат и до 40 степени

Т.Ц.

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо
Се вчитува....