03:38 - 5 февруари, 2025

Чомски: Доволно сум стар, ништо слично немало во историјата на човештвото

Американскиот професор Ноам Чомски предупреди дека поради климатската криза, заканата од нуклеарна војна и зголемениот авторитаризам светот се наоѓа во најопасниот момент во историјата на човештвото.

Тој во интервју за „Њу стејтсман” истакна дека „нeмало ништо слично во човековата историја”.

– Јас сум доволно стар за многу живописно да се сеќавам на заканата дека нацизмот можеше да завладее во голем дел од Евроазија… Американските воени планери предвидуваа дека војната ќе заврши со регион доминиран од САД и регион доминиран од Германија… Но, дури и тоа, доволно ужасно, не беше крај на организираниот човеков живот на Земјата, со кој сега се соочуваме, истакна Чомски.

Тој додаде дека се светот се соочува со многу тешки кризи, како нуклерани војна, еколошки катастрофи и влошување на демократијата.

– Влошувањето на демократијата стана шега. Американската влада е целосно исчистена од каков било дисидентски глас, посочи Чомски во интервјуто пред првиот Самит на Прогресивната меѓународна организација, што се одржува од денеска до 20 септември.

„Прогресив интернешнл” е организација основана од американскиот сенатор Берни Сандерс и поранешниот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис, чија цел е спротивставување на десничарскиот авторитаризам.

The post Чомски: Доволно сум стар, ништо слично немало во историјата на човештвото appeared first on Слободен печат.


Чомски: Доволно сум стар, ништо слично немало во историјата на човештвото was first posted on септември 18, 2020 at 8:22 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....