-3.2 C
Скопје
03:37 - 23 декември, 2024

Бугарија бара формулата за јазикот да биде „официјалниот јазик“ на земјата кандидат, а не „македонскиот јазик“

Според софиски „Медијапул“, повикувајќи се на дипломатски извори,  три клучни барања испорачала вчера Бугарија на состанокот на амбасадорите на ЕУ во Брисел кога се договарала преговарачката рамка: Добрососедските односи треба да бидат критериум за членство на С. Македонија во Европската унија, да се користи официјалното уставно име на Република Северна Македонија наместо краткото С. Македонија и бидејќи не го признава македонскиот јазик Софија е против тој да биде регистриран како официјален јазик во Европската унија (јазичната формулација да биде „официјален јазик“ на земјата кандидат, а не „македонски јазик“).

Бугарските размислувања беа презентирани од амбасадорот Димитар Цанчев и тие бил речиси исти со она што им го соопштил на колегите амбасадори на крајот на октомври, но тие наводно не биле земени предвид.

Бугарскиот дигитален весник „Медиапул“ пренесува делови од она што им го кажал Цанчев на колегите на состанокот на КОРЕПЕР 2, добиени од дипломатски извори, но тие не биле земени во предвид.

 

„Таквиот пристап на Европската комисија и нереално позитивните оценки кои нејзините експерти ги даваат за добрососедските односи само ја потврдуваат оправданоста на нашето барање да има одделно преговарачко поглавје за да може државите членки да имаат свој глас во изготвувањето на тие оценки, со оглед на необјективноста на Комисијата“, го пренесува „Медијапул“ излагањето на Цанчев.

Цанчев забележал дека Скопје ефективно ги блокирало преговорите со неговата земја и поради тоа на сите им било јасно оти Бугарија ќе го запре нејзиниот сосед на патот кон ЕУ.

„Имаме голем проблем. Тој е многу сериозен. Ова не е некоја банална полемика околу историјата што може да им се остави на историчарите“’, вели Цанчев и „потсетил“ дека Скопје ја фалсификувало историјата на штета на соседните земји кои спаѓаат во географската област Македонија за да го аргументира новосоздадениот идентитет и претензии кон соседните земји.

Според Софија, прогласувањето на еден од локалните бугарски јазици како „македонски“ е суштинска алатка во оваа политика.

The post Бугарија бара формулата за јазикот да биде „официјалниот јазик“ на земјата кандидат, а не „македонскиот јазик“ appeared first on Слободен печат.


Бугарија бара формулата за јазикот да биде „официјалниот јазик“ на земјата кандидат, а не „македонскиот јазик“ was first posted on ноември 7, 2020 at 9:04 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....