4.8 C
Скопје
22:03 - 18 април, 2024

ВИДЕО | Над 200 доктори и медицински персонал загрозија цел Клинички центар во Подгорица при испраќањето на телото на Амфилохије

Најмалку 200 доктори, медицински сестри и друг персонал, излегоа по ходниците и пред Клиничкиот центар во Подгорица за да го испратат на неговото последно патување митрополитот Амфилохије кој почина од Ковид 19.

За ова шокантно однесување сега се води истрага, објави подгоричка Побједа, а се бара одговорност од првите луѓе на Клинички центар, за овој неодговорен чин со кој ги довеле во опасност од зараза од Ковид 19 сите пациенти кои се лекуваат тука или кои дошле на преглед деновиве.

РТ Црна Гора пишува дека ВД директорката на Клиничкиот центар Црна Гора во Подгорица, д-р Данијела Раониќ била повикана во полиција да даде изјава во рамки на истрагата за масовно прекршување на мерките за зааштите од Ковид 19 за време на погребната церемонија на Амфилохије која траеше три дена.

Таа изјавила дека истиот ден кога тој починал, го повикала директорот на Интерната клиника, Сретен Кавариќ, кој ја известил дека од 200- до 300 вработени ги напуштиле своите работни места, голем дел од нив без никаква заштита и стоеле во поворка при изнесување на телото на Амфилохије.

На видеото се гледаат надреални сцени како цела поворка попови го изнесуваат ковчегот со митрополитот Амфилохије, а медицинскиот персонал ги симнува маските и се крстат.

Некои од присутните, веројатно пациенти, покорно клечат пред мртвиот Амфилохије.

Директорката на клиничкиот центар во полиција изјавила дека многу бурно реагирала на оваа ситуација и дека барала објаснување од колегата од Интерното одделение, каде починал српскиот митрополит.

Тој пак се бранел дека ниту можел да ги спречи, ниту да ги натера во тие моменти сите да облечат заштитни одела.

Црна Гора сега е соочува со наплив на новозаразени од Ковид 19, а прогласени се остри мерки во Подгорица и неколку градови.

Од Ковид 19 се зарази и патријархот на СПЦ, Иринеј, кој цела ноќ бдееше над телото на Амфилохије, а и неговиот наследник во црквата во Црна Гора.

The post ВИДЕО | Над 200 доктори и медицински персонал загрозија цел Клинички центар во Подгорица при испраќањето на телото на Амфилохије appeared first on Слободен печат.


ВИДЕО | Над 200 доктори и медицински персонал загрозија цел Клинички центар во Подгорица при испраќањето на телото на Амфилохије was first posted on ноември 7, 2020 at 11:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....