Бразискиот град Манаус, кој беше силно погоден од пандемијата од коронавирус, можеби имал толку многу заразени што неговите жители развиле „колективен имунитет“ се наведува во прелиминарната студија.
Во текот на јули вирусот толку брзо се проширил низ Манаус, најголемиот град во Амазонија, а извештаите од преполните болници драматични, а вкупниот број пет пати се зголеми во однос на минатата година. Но набрзо следуваше рапиден и необјаснив раст на бројот на заразени и умрени.
Група од дваесетина научници од Бразил и Велика Британија сега тврди дека открила зошто – вирусот останал без домаќини.
Во студијата која се уште не помина рецензија на останатите научници, групата која ја водеше Естер Сабино од Институтот за тропска медицина при Универзитетот Сао Паоло ги анализирала примероците од градската банка на крв и ги тестирала на антитела на коронавирус. Според нивната проценка, во март од коронавирус биле заразени меѓу 44 и 66 отсто од жителите на Манаус.
Тоа би можело да биде доволно во градот со 1,8 милиони жители да се создаде имунитет на стадо.
Необично високата стапка на инфекции упатува на тоа дека колективниот имунитет имал значајна улога во подоцнежната фаза од епидемијата, напишаа научниците во студијата која е објавена на порталот medRxiv.
„Сите показатели укажуваат на тоа дека таквата голема изложеност на вирусот го намалила бројот на нови случаи на зараза како и смртноста во Манаус“, изјави Сабино, професорка по медицина на Универзитетот Сао Паоло која ја координирала студијата.
Манаус во пикот на заразата во мај беше упориште на преплавени болници, ископување на масовни гробници и тела кои се трупаа во мртовечниците.
gentle reminder from Manaus, parque taruma cemetery in april (getty images). i think we can aim for different strategies than letting virus spread wildly to 66% population. pic.twitter.com/NnRgg2e9Zi
— Irene Tosetti (@itosettiMD_MBA) September 22, 2020
Тогаш дневно умираа по околу 80 луѓе. Тој просек драматично падна во последните недели, на 3,5 смртни случаи дневно.
Но експертите истакнуваат дека обидот за создавање на колективен имунитет е опасен пат.
„Заедничкиот имунитет по пат на природна инфекција не е стратегија. Тоа е знак дека владата не успеала да ја контролира заразата и дека го платила тоа со губење на голем број животи“, коментираше Флориан Крамер, професор по микробиологија на Универзитетот Маунт Синај во Њујорк.
Други експерти предупредуваат дека имунитет на стадо би можел да биде со краток век.
Во Манаус 2.462 лица починаа од ковид-19. Да беше држава, ќе имаше втора највисока стапка на морталитет во светот со 100,7 смртни случаи на 100.000 жители.
The post Бразилски град стекнал колективен имунитет, научниците се уверени во тоа (ФОТО) appeared first on Слободен печат.
Бразилски град стекнал колективен имунитет, научниците се уверени во тоа (ФОТО) was first posted on септември 25, 2020 at 10:30 am.