8.8 C
Скопје
11:54 - 17 ноември, 2024

Богатите ги повлекуваат парите од швајцарските банки: Знаат ли нешто што другите не знаат?

Швајцарските приватни банкари се жалат дека некои од нивните клиенти повлекле голем дел од своите пари од банките со цел сами да ги чуваат, без оглед на тоа што оваа земја има репутација на најсигурно и најбезбедно место на светот за чување пари. Овој потег на богатите следи по петгодишните негативни стапки на каматите, пишува Си-Ен-Ен.

Ова е последица на политиката која требаше да го спречи понатамошното јакнење на франкот, а која од приватните банки побара на Швајцарската национална банка да ѝ плаќаат надомест за сместување на парите во своите сефови. Дел од овие трошоци, банките ги префрлиле на некои од своите најсилни клиенти.

Ова не им се допаднало на оние кои навикнале да заработуваат од парите кои ги дале на штедење, а за чиешто чување сега мораат да плаќаат, па побарале други опции за складирање на парите. Неколку клиенти ги повлекле парите за да ги сместат во приватни сефови, тврдат официјално неколку тамошни банки.

Некои банки беа доведени до свршен чин и мораа да почнат да им наплаќаат на најважните клиенти. Негативните каматни стапки, кои се појавија во 2015 година во Швајцарија, им го отежнаа на тамошните банки стекнувањето профит од заеми и хипотеки.

Што се случува кога парите ќе се повлечат од банките?

Доколку клиентите сакаат да ги повлечат своите пари од банките, наидуваат на компликувана логистика. Тие прво мора да најдат место за негово складирање и да направат финансиски план.
Лудвиг Карл, портпарол на компанијата „Swiss Gold Safe“, која издава сефови во Швајцарија и Лихтенштајн, вели дека побарувачката за сефови пораснала од 2015 година. Но, повлекувањето на големи суми пари од швајцарските банки може да има и негативни последици доколку клиентите одлучат после некое време да ги вратат во банките. Ако некој клиент дојде, на пример, со 800 илјдаи франци во кеш после 5 до 10 години, банката би правела проблем и би поставувала многу прашања.

Поради новиот тренд, Швајцарската национална банка во септември минатата година соопшти дека ќе ја подигне долната граница за плаќање негативни каматни стапки, па износот кој банките ќе можат да го прифатат на штедењето без плаќање надомест, ќе биде поголем.

The post Богатите ги повлекуваат парите од швајцарските банки: Знаат ли нешто што другите не знаат? appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....