2.8 C
Скопје
02:30 - 25 декември, 2024

„Блескавата ѕвезда“ на Азија погодена од најтешка рецесија во историјата

Економијата на Сингапур, кој поради економската успешност во минатото беше наречен „блескава ѕвезда“ на Азија, западна во длабока рецесија во вториот квартал говинава.

До ваквата ситуација дојде по долготрајните мерки за изолација воведени поради пандемијата предизвикана од новиот корона вирус.

Како што наведува „Би Би Си“, нивото на БДП на Сингапур опадна за 41,2 отсто во однос на првиот квартал годинава, што пак е најголем пад забележан во историјата на овој град – држава, односно за 12,6 отсто на годишно ниво.

Експертите предвидуваат дека Сингапур ќе биде погоден од најтешка рецесија од 1965. година кога се стекна со независност од Малезија.

Сингапур е една од првите држави во светот која објави статистика за економскиот раст во вториот квартал, и во кој економиите на голем број земји беа во блокада поради пандемијата, а податоците се полоши од очекуваните.

Претходно БДП на Сингапур во првиот квартал забележа пад од 2,2 отсто на годишно ниво, намалувајќи се за 10,6 отсто во однос на претходниот квартал.

Падот на обемот на тргување во светот негативно влијаеше на извозно зависниот дел од економијата на оваа земја, а градежната индустрија е во стагнација, малопродажниот сектор се соочува со рекорден пад.

Според тоа би можело да се извлече заклучок дека моменталната економска криза Сингапур го погоди потешко отколку многу други азиски земји.

 

 

The post „Блескавата ѕвезда“ на Азија погодена од најтешка рецесија во историјата appeared first on Слободен печат.


„Блескавата ѕвезда“ на Азија погодена од најтешка рецесија во историјата was first posted on јули 14, 2020 at 11:48 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....