-1.2 C
Скопје
06:16 - 19 декември, 2024

Бизнис империјата на Трамп под федерална кривична истрага

Бизнис империјата на американскиот претседател Доналд Трамп е под лупа на федерална криминална истрага, а судија на федералниот суд го отфрли барањето на претседателот да се одложи увидот во неговите даночни пријави, што ги побара обвинителот на Менхетен во рамки на истрагата за градежните инвестиции на семејството Трамп, пренесуваат британските меидуми.

Судијата на федералниот суд, Виктор Мареро, ја донесе одлуката само еден ден откако ја отфрли аргументацијата на правниот тим на Трамп во која се наведувавше дека е претарно барањето на окружниот обвинител за одржување судење пред голема порота.

Судијата Мареро ја отфрли можноста за одложување на поканата за сослушување, затоа што правниот тим на Трамп недоволно убедливо аргументирал дека жалбата што ја поднеле ќе биде успешна и дека неговото доаѓање на рочиште може да им нанесе непоправлива штета на интересите на Трамп.

Наспроти неговите претходници во Белата куќа, Трамп одби да биде транспарентен и на американската јавност да и ја  претстави својата даночна пријава.

Судската постапка против Трамп беше покрената по откритието дека американскиот претседател од непријавени, наводно сомнителни финансики извори, ги поткупил поранешната порно актерка Сторми Даниел и поранешната зајачица на „Плебој”, Керен Мекдугал, по нивните тврдења дека биле во сексуална врски со него.

The post Бизнис империјата на Трамп под федерална кривична истрага appeared first on Слободен печат.


Бизнис империјата на Трамп под федерална кривична истрага was first posted on август 22, 2020 at 10:24 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....