3.8 C
Скопје
19:18 - 18 декември, 2024

Без економски мерки ќе го добиеме Робин Худ

Веројатно сите ја знаете приказната за Робин Худ. Харизматичниот крадец, кој граба од богатите и им дели на сиромашните. Приказната е дел од митологијата на Англија од средниот век, што значи дека Робин Локсли, познат како Худ, е измислен лик, но од друга страна, во потполност ја отсликува состојбата во која земјата се наоѓала во тој период.

Англичаните се отповикале на повикот на кралот Ричард, во историјата запомнет под прекарот „Лавовско срце“, и во голем број заминале во Третата крстоносна војна, за да дадат придонес во ослободувањето на Ерусалим од неверниците. Воениот поход е делумно успешен, иако Ерусалим останува во рацете на Саладин, султанот на Египет и Сирија. И тука почнува легендата за Робин Худ.

По годините поминати на воените полиња по Медитеранот и Блискиот Исток, Локсли се враќа на својот имот, во близина на Нотингем, каде што го пречекува непријатното известување дека поради неплатени даноци, семејниот замок, заедно со целата земја, е конфискуван од шерифот. Битно е да се посочи дека оваа приказна има голем број варијанти и верзии уште во изворната фаза на народното прераскажување, а со менувањето на дејствието и настаните се продолжило и понатаму, кога Робин Худ станува омилен комерцијален производ на Холивуд. Сепак, во баш сите познати верзии тој завршува како одметник, предводејќи банда од добро подготвени разбојници, кои соочени со губење на своите куќи и имоти, креваат востание против шерифот.

Ќе повторам дека Робин Худ е плод на народниот фолклор, но во исто време и отсликување на состојбата во која се нашла Англија на почетокот од 13 век. Принцот Џон го наследува на тронот Ричард, кој умира без да остави зад себе директен наследник. Државната благајна е потполно испразнета од непромислените авантури на неговиот  брат, па Џон е приморан да пропише нови даноци. Тоа го предизвикува револтот на благородниците од средниот сталеж. Ова востание завршува со прогласувањето на „Магна карта“, со која кралот на своите поданици им гарантира одредени права, што е преседан во англиската историја.

Се плашам дека набргу ќе почнат слични легенди да се „крчкаат“ и во нашиот фолклор. Приказната би одела вака. Таму некојси Робин, односно Роберт или Миле, бил повикан од премиерот и министрите да седи дома во време на епидемијата од коронавирусот ковид-19. Тој, кого сите го знаат под прекарот „шумски“, се отповикал на апелот испишан со хаштаг и останал дома. По месеците поминати во изолација, се вратил на работа, за таму да го пречека непријатното изненадување. Неговата фирма повеќе не постоела, тој останал без работа, банката му го извршила кредитот, по што му е одземен станот. Сметката во банка му е дополнително блокирана од неплатените сметки за струја, вода и греење. Робин, односно Роберт или Миле, се одметнува и почнува да краде од тие што имаат.

Да ја скратам приказнава. Епидемијата налага да седиме дома. Но, за да ја сочуваме економијата, потребни се некакви мерки, кои деновиве се предлагаат и имплементираат. Овие мерки се нашата „Магна карта“, која ќе ги реши проблемите на подолг рок. Без такво нешто, се плашам дека кога ќе ја добиеме битката со заразата, ќе почнеме да се јадеме помеѓу себе, бидејќи пари за друго ќе немаме.

The post Без економски мерки ќе го добиеме Робин Худ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....