9.8 C
Скопје
16:10 - 18 декември, 2024

„Бејби бум“ по завршување на пандемијата со коронавирусот? Историјата вели спротивно

Иако доста истражувања иницијално сугерираат дека таков резултат би бил логичен, специјалист за заразни болести и доцент на Отсекот за медицина на Универзитетот Јејл, Џејми Мејер смета дека историјата покажала дека сосема спротивно.

Тој вели дека изучувал како слични пандемии влијаеле на стапката на наталитет и резултатите не се ветувачки.

„Епидемиолошките податоци од претходни кризни ситуации предизвикани од пандемии, земјотреси, чуми, ебола и глад сугерираат дека за време на катастрофални состојби кои резултираат со голем број на смртни случаи низ светот по завршување на кризата, наталитетот во следните девет месеци паѓа“, објаснува докторот Мејер и додава:

„Сепак, 10 до 11 месеци по завршувањето на трауматичните случувања, стапката на наталитетот повторно доаѓа во нормала“.

Ваков пад во стапката на наталитет е забележан уште од пандемијата на грипот од 1889 година, а едно научно истражување кое се занимавало со проучување на односот на стапките на морталитет и наталитет за време на криза утврдило дека катастрофите од било кој вид носат до помала стапка на родени деца. Конкретно, разорниот земјотрес во Токио во 1923 година, рушењето на кулите во Њујорк во 2001 година и пандемијата на грипот во 1918 година се заслужни за најголемиот пад на стапката на наталитет во 20 век.

Поновите информации велат дека растот на стапката на наталитет денеска се враќа во нормала меѓу 10 и 11 месеци од катастрофалните појави од што некои психолози вадат заклучок дека на луѓето по правило им се потребни околу десет месеци ментално да пребродат таков настан и да продолжат со животот и репродукцијата.

„Ако размислувате за тоа да затрудните за време на пандемија предизвикана од коронавирусот, морате да бидете свесни дека може да ви бидат скратени одредени здравствени услуги поврзани со следење на бременоста“, напоменува доктор Мејер. Иако се уште нема потврдени случаи на пренесување на вирусот од трудницата на новороденото дете и сегашните истражувања сугерираат дека тоа не се случува, не е исклучено заболувањето од вирусот за време на првото тромесечие да носи одреден ризик на дефекти кај плодот, пренесува Индекс.хр.

„За овој временски период со исклучителен стрес, можеби е и примамливо да се романтизира приказната за бејби бум за да добиеме малку надеж, но тоа што е моментално најважно е да се чувате себеси и своите блиски“, заклучува Мејер.

The post „Бејби бум“ по завршување на пандемијата со коронавирусот? Историјата вели спротивно appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....