Две жени се сериозно повредени утрово во Сиетл кога автомобил удри со помала група демонстранти на автопат, соопштија официјалните лица.
„Автомобилот мина низ рампите и удри неколку пешаци”, напиша полицијата во Сиетл на својот профил на Твитер.
Seattle Fire units transported two females estimated to be in their 20s to Harborview from this incident. One patient is in critical condition and the other is in stable condition. https://t.co/TmrYY1xBMS
— Seattle Fire Dept. (@SeattleFire) July 4, 2020
Би-Би-Си јави дека една од жените, наводно, има животно загрозувачки повреди, а возачот е уапсен.
Осомничениот е идентификуван како 27-годишен маж од Сиетл, а не се знае дали станува збор за намерен напад.
Немирите во Сиетл траат откако Афроамериканецот Џорџ Флојд почина за време по полициско приведување во Минеаполис во мај.
Протестите на движењето „И црните животи имаат значење” се одвиваат низ сите градови на САД.
The post Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл, две жени повредени (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
Автомобил влетал во група демонстранти на автопат кај Сиетл, две жени повредени (ВИДЕО) was first posted on јули 4, 2020 at 6:43 pm.