-6.2 C
Скопје
06:46 - 25 ноември, 2024

Андоновиќ: Вклучувањето на Кина, услов за враќање на САД во преговорите за контрола на оружјето (ВИДЕО)

Година дена откако САД се повлекоа од договорот постигнат со Русија за контрола на оружјето, Вашингтон и Москва успеаја да се договорат да започнат нови разговори со кои ќе го прошират и надградат договорот од 1988 година, постигнат меѓу тогашниот Советски сојуз и тогашната американска администрација. Се работи за договорот СТАРТ, кој требаше да ги уреди условите и протоколите за распоредувањето, производството и контролирањето на проектилите од среден и долг дострел.

Договорот беше постигнат во услови кога светот се наоѓаше во екот на Студената војна, а тогашните две светски супер сили, САД и Советскиот сојуз, лесно можеа да дојдат на работ на нуклеарна војна.Триесет и две години подоцна, светот се смени, а наместо две, сега во моментов, во глобални рамки, се наметна уште една нова воена супер сила. Се работи за Кина, која досега не беше опфатена во овој договор. Токму тоа и беше главниот мотив, администрацијата на Доналд Трамп минатата година да се повлече од договорот за контрола и неширењето на проектилите од среден и долг дострел, уценувајќи ја Москва дека САД ќе се вратат на преговарачка маса, само доколку Пекинг учествува и се обврзе на новиот договор за конторла на вооружувањето. Во спротивно, производството, продажбата, распоредувањето, и евентуалната употреба на ова опасно оружје ќе биде без контрола.

СAД и Русија постигнаа договор да почнат разговори за контрола на оружјето овој месец, бидејќи единствениот важечки договор меѓу двете најголеми нуклеарни сили истекува за помалку од една година.

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за контрола на оружјето, и рускиот заменик министер за надворешни работи го посочија 22 јуни како датум за отпочнување на разговорите.

Останува неизвесноста дали на овие разговори ќе се појави и преставник на Кина кој е поканет на средбата. Доколку Кина не учествува во преговорите, САД најавија целосно прекување на договорот. Русија ја критикуваше оваа одлука на Вашингтон оценувајќи дека е нереално барањето, бидејќи арсеналот кој го поседува Кина е многу помал од оној на САД и Русија.

The post Андоновиќ: Вклучувањето на Кина, услов за враќање на САД во преговорите за контрола на оружјето (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Андоновиќ: Вклучувањето на Кина, услов за враќање на САД во преговорите за контрола на оружјето (ВИДЕО) was first posted on јуни 9, 2020 at 9:01 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....