-1.2 C
Скопје
19:02 - 22 декември, 2024

Андоновиќ: САД директно се вклучува во решавањето на косовскиот проблем, обновена авиолинија Белград-Приштина

Новинарот Дејан Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ ја анализира ситуацијата во соседството околу Договорот меѓу Белград и Приштина за обновување на авиолинијата меѓу двата града.

САД директно ја преземаат иницијативата за решавање на косовското прашање. Иако специјалниот пратеник на Трамп, Гренал потенцира дека посетата во регионот не му е политичка, туку за економски развој на регионот, сепак принудувањето на двете страни за овој Договор укажува дека по неуспешното посредување на ЕУ и ОН, САД ќе ги принудат да седнат на преговарачка маса Белград и Приштина, анализира новинарот Дејан Андоновоќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“,

Андоновиќ во „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“ го коментираше документ потпишан во Берлин, за воспоставување на авиолинијата Белград-Приштина.

Специјалниот претставник на американската администрација за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел го петок доаѓа во Белград каде ќе разговара со претседателот на Србија. Според Гренел овој Договор меѓу Белград и Приштина ќе му помогне на бизнисот да отвори нови работни места и да го прошири пазарот.

Гренел ќе претстојува и денеска на Косово, а потоа патува за Белград за да се состане со српскиот претседател Александар Вучиќ во петок. Специјалниот претставник на американската администрација за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел го петок доаѓа во Белград каде ќе разговара со претседателот на Србија.

Претседателот Вучиќ ќе му постави услов за укинување на даноците на стоките од централна Србија, пишуваат српските медиуми.

Андоновиќ го коментираше и ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп кој го поздрави воспоставувањето на авионската линија Белград-Приштина и рече дека се работи за уште една победа.

Приштинскиот портал „Газета експрес“ објави документ за кој наведува дека, меѓу другото, го обврзува Косово да ги укине таксите на производите од Србија, за документот потпишан во Берлин, кога се воспостави авиолинијата Белград-Приштина., коментира новинарот Дејан Андоновиќ.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, вели Андоновиќ, после средбата со амбасадорот Ричард Гренел, се заблагодарил за американското посредување во постигнувањето на договорот со Србија за воспоставување на авиолинијата Приштина- Белград.

Меѓу другото, Тачи оваа воздушна линија ја нарече како одличен и незаменлив проект, коментира Андоновиќ. Премиерот на Косово во заминување, Рамуш Харадинај, вчера пак, изјави дека Договорот за авионска линија меѓу Косово и Србија не го загрозува суверенитетот на земјата и дека договорот не значи и остранување на таксите кон Србија. Харадинај по состанокот на владата, рече дека со имплементирање на авионската линија може да бидат признаени и документите на Косово.

 

The post Андоновиќ: САД директно се вклучува во решавањето на косовскиот проблем, обновена авиолинија Белград-Приштина appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....