Министерката за финансии Нина Ангеловска ја брани одлуката на банките со неопходноста од ликвидност, зачувување на стабилноста на банкарскиот систем и зголемената потреба од кредитирање што ќе се јави во иден период. Но што покажуваат бројките?
Информациите кои дојдоа од банките, а според кои на граѓаните ќе им се одложи отплатата на кредитите за 6 месеци, но во тие месеци ќе им се пресметува камата, која потоа ќе ја платат, предизвикува бурни рекации во јавноста.
Граѓаните се разочарани од ваквата одлука и тие преку социјалните мрежи не престануваат да негодуваат. Министерката за финансии Нина Ангеловска ја брани одлуката на банките со неопходноста од ликвидност, зачувување на стабилноста на банкарскиот систем и зголемената потреба од кредитирање што ќе се јави во иден период. Народната банка вели дека таа ја создала рамката банките да дадат поповолни услови.
Што покажуваат податоците од Народната банка?
Минатата година целиот банкарски систем, составен од 15 банки, остварил профит од 114 милиони евра. Најголем дел од добивката ја остварила групата од 5 големи банки –Комерцијална банка, Стопанска, НЛБ, Халк и Охридска банка кои оствариле вкупен профит од 113 милиони евра. Но, имало и неуспешно банки и според групните податоци на Народната банка, тие оствариле загуба од 1,3 милиони евра и спаѓаат во групата на средни банки по големина.
Банките своите приходи ги остваруваат од каматите што ги наплаќаат за дадените кредити и од разни провизии за банкарски услуги. Досегашните финансиски извештаи покажуваат дека две третини од приходите доаѓаат од каматите, а една третина од провизиите.
Во 2019 година, банките наплатиле вкупен износ на камата од 313 милиони евра, од кои 163,4 милиони евра се камати наплатени од домаќинствата.
Банките немаат свои пари. Тие собираат пари од фирми и од граѓани и за тоа им плаќаат камата. Вкупната камата што ја платил банкарскиот сектор во минатата година бил 68,8 милиони евра. Односно разликата меѓу камата што банките ја наплатиле и таа што тие ја платиле е нето-приходот од камати и тој е дури 244 милиони евра!
Банките заработиле и од провизии и надоместоци и тој износ во 2019 година е околу 83 милиони евра.
Домаќинствата ќе го платат одложениот период 80 милиони евра
Ако се земе предвид дека за ланската година вкупниот износ што го добиле банките од камати за домаќинства е 163,4 милиони евра и ако се претпостави дека тој износ би бил ист и за годинава, тоа значи дека банките за времето кога нема да течат рати ќе пресметаат камата од околу 80 милиони евра, што потоа ќе ја распределат рамномерно на преостанатите ратите на домаќинствата и така ќе го зголемат износот за отплатата.
Со тоа што банките се откажаа од ратите и од наплатата на оваа камата од 80 милиони евра во текот на оваа година, тие покажаа колку се ликвидни и моќни. Дел од економските аналитичари, посочуваат дека каматите што течат за време на грејс периодот немаат никаква врска со орджувањето на стабилноста на банките.
„Да, многу е важно да се зачува стабилноста на банкарскиот систем за време на кризава, ама пресметувањето камати за време на грејс периодот нема врска со тоа, затоа што тие камати ќе се наплатат откако ќе заврши грејс периодот, односно, откако ќе помине кризата. Со пресметувањето камати за време на грејс периодот само се зголемуваат приходите кои банките ќе ги остваруваат откако ќе помине кризата, и тоа не за малку“, напиша економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, кој порано и работеше во Народната банка.
The post АНАЛИЗА: Има ли можност да не се наплатува камата за грејс периодот? Банките лани од камати и провизии заработиле 114 милиони евра! appeared first on Слободен печат.