3.8 C
Скопје
02:03 - 21 декември, 2024

Америка и Енглеска биќе земља пролетерска!

Оваа парола не знам дали ја знае помладата генерација Македонци. Помал дел од сеуште живите граѓани можеби биле и нејзини сведоција, но добар дел од цела генерација средовечници ја доживеале главно како ехо преку партизанските филмови во бивша, бивша Југославија. Но тоа беше доволно да ја сфатат утопијата на пропагандата на Комунистичката партија која ги уверувала граѓаните дека еден ден дури и најкапиталистичките земји на земјината топка ќе ја прифатат идејата за пролетаризација на општествено- политичкиот систем.
До денес како што гледаме тоа сеуште не се случило. Но се случило обратното. Не само Југославија, туку сите земји кои припаѓаа на соцреалистичкиот блок се претворија во реал капиталистички држави со доминантна пазарна ориентација на економијата и западно демократски вредносни системи. И тоа почнувајќи од земјите од централна Европа, некогаш членки на Варшавскиот воен сојуз, па преку Русија, и конечно до најкомунистичката и најзатворената Народна Република Кина.

Оттаму веројатно се неразбирливите изблици на една група граѓани во пара или мета јавноста, подржана или недемантирана од страна на политичките партии, дека нам не треба ниту ЕУ ниту НАТО и дека тие форми на здружување на државите се пред умирање и дека кај да е ќе ги снема и ЕУ и НАТО. Овие неразумни крици потсетуваат на старата, но многу содржајна парола од времето на социјализмот : „Америка и Енглеска биќе земља пролетерска“.

Во меѓувреме исполнети  условите за „влегување во сила на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Северноатлантскиот договор, а Амбасадата на земјава во Вашингтон потврдила дека својот „инструмент за пристапување“ ќе бидат доставени денеска во Стејт департментот.
По ова се очекува да уследи и официјална церемонија на подигнување на знамето на земјава пред седиштето на НАТО во Брисел, додава американското специјализирано списание „Дефенс Њуз“.
Од друга страна лидерите на земјите-членки потврдија дека треба да ги почнеме преговорите со Унијата. Европската комисија ќе пристапи кон дефинирање на преговарачката рамка, а првата меѓувладина конференција ќе се случи во најскоро можно време.

Овој момент го чекавме скоро 20 години, сметано од осамостојувањето на земјава и од создавањето на нов општествено политички систем.
Раскинавме со едноумието на стариот социјалистички систем, воведовме политички плурализам, западноевропска демократија и ги зацртавме стратешките цели на државата, а тоа беа членството во НАТО и во ЕУ. Велам НИЕ затоа што тоа беше политички консензус на сите партии во сите изминати Парламенти, а НИЕ како граѓани кои сме им ја дале довербата на тие пратеници од тие партии ги подржувавме тие цели со децении.

И сега во јавниот дискурс се слушаат резерви во исправноста на овие стратешки определби кои доаѓаат од недефинирани субјекти, експерти, квази експерти и други поединци или групи па и маргинални политички партии и здруженија. Но користејќи ги медиумите и социјалните мрежи тие полека се наметнуваат како опинион мејкери кои се обидуваат да ја ревидираат оваа стратешка воља на мнозинството граѓани.

Одговорноста за ваквиот пробив на нови идеологии најмногу лежи во некои политички партии кои во изминатиов период на некој начин ја ослабнаа идејата за евроатланските интеграции како национален приоритет, вештачки заменувајќи ја со губењето на националниот идентитет.

Секако важно место за ваквото измешано чуство зазема и внатрешно политичката дисфункционалност која со децении создава недоверба во домашните институции, до партизација на општеството, песимизам во опстанокот на државата и до економска несигурност.
Затоа е време уште еднаш ЈАСНО И ГЛАСНО да се потенцираат стратешките приоритети на државата за да нема талкање во мракот кој им се создава на дел од граѓаните.

Па сепак  големите глобални поместувања треба да им се доказ на нашите „изгубени души“ дека нема веќе прашања како во минатото дали си ЗА Русија или ЗА Америка. Светот на глобализацијата сите ги направи ЕДНО.
Денеска Трамп и Си Џипинг како и многу пати досега се договорија да соработуваат иако ден пред тоа се скараа.
-Кина помина многу и разви силно познавање за вирусот“, објави Трамп на Твитер, додавајќи дека тие „тесно соработуваат заедно“.
Кинескиот претседател пак рече, дека односите меѓу Кина и САД се многу важни и дека -соработката е единствениот добар избор.
Кој е сега за Кина, а кој за САД.

The post Америка и Енглеска биќе земља пролетерска! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....