03:57 - 5 февруари, 2025

Албанија ќе бара спас за Преспанско, Македонија не му се секира многу!?

На утрешната седница на албанскиот Парламент ќе се расправа за алармантната состојба во која се наоѓа Преспанското Езеро, по барање на пратеникот на Васил Стерјовски, од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, соопшти МИА.

Стерјовски потсети дека од 2018 година до денес Преспанското Езеро е повлечено најмалку 200 метри.

– Преспанското Езеро ги спојува териториите на Албанија, Македонија и Грција и претставува проблем што ги зафаќа сите три држави кои го делат брегот на езерото и треба да се преземат заеднички активности за да се забави оваа природна непогода. На мое барање, во албанското Собрание министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси треба да даде објаснување какви мерки презема министерството, тука вклучително и во соработка и со надлежните институции на Македонија и Грција за да се спречи алармантниот пад на водата во Преспанското Езеро и еколошката катастрофа што му се заканува – изјави Стерјовски.

На алармантната состојба во која се наоѓа Преспанското Езеро веќе подолго време укажуваат и еколошките здруженија и месното население како и посетителите на второто по големина природно езеро во Македонија. Застрашувачките фотографии на опустените езерски брегови и калливите површини, кои некогаш се наоѓаа длабоко под водата, летово ја вознемирија домашната јавност.

– Како ќе го оправдате молкот и непреземањето апсолутно ништо, при ваквата катастрофа што му се случува на Преспанското Езеро – од еколошкото здружение „Еко герила Преспа“ го прашаа Министерството за животна средина.

Тие потсетија дека последната објавена активност на Министерството за животна средина поврзано со состојбата на Преспанското Езеро било во февруари, кога Министерството најави дека „ќе се заложи да го иницира процесот на воспоставување на Комитетот за управување на Преспа Паркот и е во процес на обезбедување номинации од земјите членки: Северна Македонија, Албанија и Грција“.

Тогаш Министерството вети дека во рамките на прекуграничната соработка ќе иницира вонреден состанок на националните експерти од Дримската група „за да ги разгледаат состојбите и да разменат сознанија и согледувања за начините за итно надминување на актуелните состојби со намалување на нивото на водата во Преспанското Езеро“.

„Во врска со намалувањето на нивото на водата во Преспанското Езеро, МЖСПП информира дека во периодот од февруари до денес се случија неколку настани: пандемијата со коронавирусот, вонредните парламентарни избори) кои негативно влијаеја во идентификацијата на проблемите во Преспанското Езеро и во изнаоѓањето решенија“, се вели во одговорот што „Слободен печат“ го доби од Министерството за животна средина на прашањето што е преземено досега од најавените активности за спас на Преспанското Езеро и што од најавеното досега е реализирано.

Според Министерството, Преспанското Езеро е меѓународно езеро кое го делиме со Албанија и Грција.

„Секоја поединечна интервенција е проблематична и треба да биде поткрепена со подлабока студија за која е потребно дополнително време и финансии“ – информираат од МЖСПП.

Министерството потсетува дека веќе има составено експертска работна група и истовремено работи на „заживување“ на Комитетот за управување на Преспа Паркот. Се чека само на албанската страна да ги номинира своите претставници.

„Со овој чекор ќе профункционира заедничкиот Комитет и воедно и ќе се создадат услови за заедничко управување со Преспанското Езеро што подразбира и олеснување на процесот на изнаоѓање на решенија за намалувањето на нивото на водата во езерото. Исто така, експертите од соседните држави се информирани и очекуваме повратен одговор со податоци за состојбите на деловите од езерото што се наоѓаат во нивните граници“ – се вели во одговорот од Министерството.

The post Албанија ќе бара спас за Преспанско, Македонија не му се секира многу!? appeared first on Слободен печат.


Албанија ќе бара спас за Преспанско, Македонија не му се секира многу!? was first posted on септември 17, 2020 at 1:53 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....