2.8 C
Скопје
03:13 - 24 декември, 2024

Ахмети им избега на медиумите, нема детали од исказот за пропаднатиот попис

Иако исказот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во Обвинителството за организиран криминал и корупција беше првично закажан во 10 часот, тој на свое барање во просториите на Обвинителството се појавил во осум часот изутрина и веќе го напуштил објектот.

Во ОЈО тој беше повикан поради случајот за пропаднатиот попис од 2011-тата година, а според истрагата, отпочната од тогашното СЈО, Али Ахмети и Никола Грувски го оштетиле буџетот за 2,8 милиони евра. Сега случајот „Попис“ е дел од предметите кои преминаа во рацете на Обвинителството за организиран криминал и корупција, предводено од Вилма Русковска.

Делото беше презентирано во јавноста во март 2018 од страна на обвинителката Фатиме Фетаи, а ова е единственото дело каде осомничен е лидерот на ДУИ.

– Иако биле свесни дека ќе настапат штетни последици, лицата пристапиле кон спроведување на пописот. Кога виделе дека немаат капацитет да ги сокријат демографските факти за земјата, тие, со цел да избегнат одговорност, се договориле да претстават дека причините за стопирање на пописот се од техничка природа, рече тогаш Фетаи, додавајќи дека доколку пописот бил одложен, а не прекинат, немало залудно да бидат потрошени парите.

СЈО ги сомничеше дека ја злоупотребиле својата службена положба и како претседатели на партии и коалициони партнери се согласиле да се прекине пописот. Обвинителката Фатиме Фетаи нагласи дека тие ја искористиле својата положба и за да ги сокријат неповолните факти за демографската структура на населението.

 

The post Ахмети им избега на медиумите, нема детали од исказот за пропаднатиот попис appeared first on Слободен печат.


Ахмети им избега на медиумите, нема детали од исказот за пропаднатиот попис was first posted on октомври 2, 2020 at 10:23 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....