19.8 C
Скопје
10:53 - 8 мај, 2024

Коронавирус на површините: Колкав е навистина ризикот дека ќе се заразите на овој начин

Пред неколку месеци загриженоста околу преживувањето на новиот коронавирус на тврди површини беше актуелна тема.

Со оглед на тоа дека состојбата не е ништо побезбедна сега, советите да се заштитите се сѐ уште на сила. Знаеме дека вирусот најчесто се шири преку капки, а дали тоа значи дека можеме да се заразиме со допирањето на кутијата со житарки што штотуку сме ја купиле или со пакетот што ни пристигнал по пошта?

Теоретски е можно, но не е веројатно, смета д-р Дин Блумберг, педијатар.

Мали се шансите да се исполнат сите услови таквата површина да биде опасна. Потребна е голема количина на вирусот на таа површина за лицето да се зарази, а вирусот би требало на неа долго да преживее. На крајот, за да се заразите, би требало и со валкани раце да ги допирате очите, устата и носот – објаснува Блумберг.

Коронавирус на површините

Науката тврди дека коронавирусот може да се задржи на тврдите површини до три дена, а на картон 24 часа. Една студија спроведена во Кина покажала дека вирусот може да патува на чевлите.
Професор Емануел Голдман пред неколку месеци напиша дека во студијата се користела многу поголема количина на вирусот од онаа што би можела да се пронајде во реалниот свет.

Според мое мислење, шансите лице да се зарази преку тврда површина, на која заразено друго лице кивнало, се мошне мали и можно е само ако првото лице веднаш ја допре површината – додава проф. Голдам. Се чини дека би требало да станува збор за совршен момент за сѐ да се поклопи. Студиите сепак само покажале дека вирусот може да заврши на површини, но не дека од нив може да се пренесе на човекот.

Но, пред четири месеци Центарот за превенција и контрола на болести на својата веб-страница објави дека тоа е, сепак, можно, бидејќи две лица се заразиле на овој начин. Неодамнешната студија во Кина покажала дека вирусот може да се пренесе ако допреме копче во лифт, а анализата спроведена во Африка покажала дека контаминираните медицински помагала можат да влијаат врз ширењето на коронавирусот.

The post Коронавирус на површините: Колкав е навистина ризикот дека ќе се заразите на овој начин appeared first on Слободен печат.


Коронавирус на површините: Колкав е навистина ризикот дека ќе се заразите на овој начин was first posted on октомври 2, 2020 at 10:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....